Македонска студентска организација „Гоце Делчев“ и Македонското студентско друштво “Вардар”

Македонската студентска организација “Гоце Делчев” е културно-просветна организација која е основана во летото 1919 година од студенти кои студираат во Софискиот универзитет “Свети Климент Охридски” со задача да се бори за ослободувањето на Македонија од српска и грчка власт. Организацијата престанала да постои во 1920 година и на нејзино место е формирано Македонското студентско друштво “Вардар”.
Македонското студентско друштво “Вардар” е организација на студенти, бегалци од Македонија во Бугарија, наследник на Македонската студентска корпорација “Гоце Делчев”. Организацијата била во блиски односи со Внатрешната македонска револуционерна организација се до забраната по Деветнаесетомајскиот преврат од 1934 година.
По Втората балканска војна, а особено по завршувањето на Првата светска војна, македонското население било организирано прогонувано од новата грчка и српска власт. Во Бугарија, македонските бегалците се организираат околу културно-просветна организација чии главни цели се да ги задржат сплотени Македонците во егзил. ВМРО го помага создавањето и ја насочува работата на сличните организации.
Во август 1919 година на Софискиот универзитет, 517 студенти од Македонија, потпомогнати од Бугарскиот национален студентски сојуз, го создале Македонското студентско друштво “Вардар”. Во првото раководство влегле, велешаните Љубомир Весов и Илија Кушев, дојранчаните Илија Бугарчев, штипјаните Зора Здравева и Иван Михајлов, прилепчаните Јордан Чкатров и Петар Колиштраков, крушевчанецот Крсто Велјанов и серчанецот Стојан Керемедчиев. МСД “Вардар” си поставило за цел да ја сочува националната свест на студентите од Македонија, да ја развива културно-политичка и издавачката дејност, како и објавување на книги и брошури.
Организацијата одржува контакти со Бугарскиот национален студентски сојуз, со Македонскиот младински сојуз (ММС) и со Македонскиот студентски сојуз во странство (МССЧ).

Пронајдете не на следниве мрежи: