Македонската Алијанса ги повикува сите граѓани кои живеат и работат надвор од Македонија да се регистрираат како активни гласачи за претстојните парламентарни избори.Во продолжение го пренесуваме целото соопштение интегрално:
Во врска со апликацијата на Државната Изборна Комисија за пријавување на гласачи во Дијаспората согласно Изборниот Закон со краен рок до 11 ноември за изразување интерес за гласање во Дипломатско -конзуларните претставништва на Република Македонија во Европа, Америка и Австралија на предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември 2016 година, Претседателот на Македонска Алијанса,
Ѓорѓија Џорџ Атанасовски, го упатува следниот повик:Македонската Алијанса ги повикува нашите браќа и сестри Македонци кои живеат и работат надвор од границите на Татковината масовно да го искористат своето право и да се регистрираат како активни гласачи за претстојните парламентарни избори на 11 декември.
Ја користиме оваа прилика да ги повикаме сите организации на Македонците во светот да се приклучат кон овој наш повик кој има за цел да се зацврсти улогата и положбата на Македонската Дијаспора во развојот на Татковината и во одбрана на најсветото – Македонското име и идентитет.
Фундаментално демократско право на Македонската дијаспора е да избира и да биде избрана за да влијае на општествените текови во Татковината.Свесни сме дека воведувањето на изборен цензус за избор на нашите претставници во Собранието на Република Македонија влијаеше негативно за мотивацијата на Македонската Дијаспора.
Сепак, ние сме длабоко уверени дека пријавувањето на поголем број на гласачи во Дијаспората е најдобар одговор на сите обиди за дискриминација и девалвација на вредноста на гласот на нашите браќа и сестри кои иако не живеат во Татковината, никогаш ниту ја заборавиле ниту ги раскинале врските со Македонија.
Ние знаеме дека предвремените избори на 11 декември се многу значајни за поновата Македонска историја и истите претставуваат крстопат за иднината на Македонскиот народ.
Македонската Дијаспора мора што помасовно да учествува во окончувањето на долготрајната политичка криза во Татковината и заеднички да го даде својот глас за враќање на Македонија на стратешкиот колосек и продолжување на патот кон сигурна иднина и економски просперитет.Во продолжение го пренесуваме целото соопштение интегрално:
Во врска со апликацијата на Државната Изборна Комисиј