Српското Министерство за надворешни работи ја повика македонската амбасадорка Вера Јовановска Типко да даде објаснувања за последните настани во Скопје, соопшти електронското издание на весникот „Вечерње новости“.Една од клучните теми е објавувањето на тонските записи од прислушкувани разговори меѓу лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, на српскиот пратеник и новинар Мирослав Лазански и на службеникот на српската Агенција за безбедност и информации во српската амбасада во Скопје, Горан Живаљевиќ, забележа весникот.
Српскиот премиер Александар Вучиќ претходно денеска изјави дека одговорните држави не објавуваат прислушкувани разговори и дека случаите со српските претставници се „срамни“, споменувајќи дека зад објавувањето на снимките не стојат македонските, туку некои западни служби.Една од клучните теми е објавувањето на тонските записи од прислушкувани разговори меѓу лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија, И