Стока со непознат царински статус во вредност од 947.440 денари и избегнати царински и други давачки од во износ од 278.924 денари, се утврдени при контрола на компанија од Битола – имател на одбрение за царинска постапка, соопшти денеска Царинската управа на Македонија.Против компанијата, како и одговорните лица во компанијата е поведена соодветна постапка.
Врз основа на законски овластувања Службата за надзор на иматели на одобренија при Царинарница Битола на 24, 25 и 26 минатиот месец извршила вонредна теренска контрола кај компанијата од Битола, имател на одобрение за царинска постапка „увоз за облагородување со систем на одложено плаќање“, со цел утврдување на фактичката состојба во магацинот за репроматеријали.
При контролата на компанијата, во сопственост на правно лице од Хонг Конг, а управител лице од Република Грција, пронајдена е стока со непознат царински статус, која соодветствува на дејноста која ја извршува компанијата и која е формално раздолжена, а физички е присутна во магацините на компанијата.
– Се работи за 286,11 метри квадратни кожа од јагне, 1.273 метри квадратни постава, 15,1 килограми футер, 18,9 килограми крзно од ракун во парчиња, 1.445,25 килограми крзно од лисица во парчиња, 5 парчиња составени крзна од лисица и 16 употребувани машини за шиење, се вели во соопштението.Против компанијата, како и одговорните лица во компанијата е поведена соодветна постапка.
Врз основа на законски овластувања Службата