Македонската дијаспора во Швајцарија преку интервју за програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ“ одговара за чекорите на Заев за двојазичност и федерализација.-Ние, Македонците од Швајцарија, Франција, Италија, Германија и Скандинавија , македонската дијаспора, не се согласуваме со изјавата на господинот Зоран Заев за промена на Уставот,воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија, кантоницација на државата Република Македонија.
Ова го изјави за програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ“ на ТВ Сонце, македонската дијаспора во Швајцарија.
Изјавата произлегува од како одговор на неодамнешната трибина одржана во Берн , Швајцарија на која присуствуваше лидерот на опозицијата Зоран Заев.
Македонската дијаспора во Швајцарија додава: „Испраќаме јасна порака до јавноста на Република Македонија за нашата огорченост и револт за изјавата на господинот Зоран Заев пред албанската дијаспора во Швајцарската конфедерација.
-Иако живееме во странство, внимателно ги следиме состојбите во нашата татковина и гледаме на најдобар начин да допринесеме демократски, да се сотре оваа криза. Македонската дијаспора испраќа силна порака до сите Македонци во Македонија како и кај сите иселеници во светот на обединување околу светите нешта кои ја прават оваа држава, оваа нација и овој народ посебен од другите народи. Ние, Македонците нема да дозволиме промена на светото име на нашата држава Република Македонија. Нема да дозволиме двојазичност онаму каде што нема потреба.., истакнуваат тие.
Според нив:„Ставот на господинот Заев пред албанската дијаспора беше анти – Македонски и со цел да го придобие албанското гласачко тело. Албанците се прашуваат :
Kако да му веруваат на овој човек кога тој работи против сопствениот народ за да дојде на позиција? Зошто би им помогнал на малцинството Албанци нанесувајќи штета на мнозинството Македонци“? , прашува дијаспората во Швајцарија и останатите држави во ЕУ.
Македонската Дијаспора е подготвена да излезе на гласање со цел да си ги заштити државните интереси.
-На 10-ти декември апелираме на масовен излез на македонските иселеници во заштита на државата Мајка Македонија! А како што знаеме, Албанците не ги интересира зајакнување на Република Македонија, туку спротивно, целта е уништување на се што е македонско.
Покрај останатите ветувања, господинот Зоран Заев, со неговото можно доаѓање на власт, ќе ги примора сите Македонци, почнувајќи од детските градинки па натаму, да го научат албанскиот јазик за да би можеле да се разбираат со Албанците. Наместо тоа да биде обратно, како во целиот свет, кога станува збор за малцинство во една држава.
Нашата порака е следна: „Почитувани Македонци и Македонки, браќа и сестри, Доколку вашите души, тела, дух и срце се чувствуваат македонски, немој да го дозволите нештото што ќе ги казни вашите наследни генерации, вашите деца, внуци и правнуци да патат и плајќаат завашиот долг што не сте ја направиле вистинската работа во овој вистински момент !!! Вашиот добар избор кој што е во ваши раце во добар момент, во овој момент!“, порачува дијаспората.
Зборувајќи во името на Македонецот дијаспората вели: „Јас сум лице кое твори и живее надвор од мојата сопствена татковина. Но никогаш не сум се откажал од мојата татковина, но нема да се откажам и овој пат! Нема да дозволам некој да го погани моето лице, лицето на моите предци, лицето на мојата таковина, лицето на моите деца, лицето на Македонија. Нема да дозволам господинот Зоран Заев да го направи нештото што ќе се каам се додека сум жив и се дури и после мојата смрт нема да најдам мир. Генерации мои наследници ќе ме колнат за мојата злобна одлука. Одлука која ќе ги следи и по нивните нови генерации како што ја имаат направено наши претходни предавници и злобни шпиони. Не. Не сум шпион и нема да го дозволам тоа, јас сум Македонец и ќе останам Македонец. Нема да го дозволам тоа да го направи Заев и неговите соросоиди и продадени души за пари, да ми ја распарча Македонија и да ми го уништат македонскиот народ, нација и култура. Ние како македонска дијаспора нема да го дозволиме тоа. Нема никогаш да го дозволиме тоа, ние живееме и твориме за Македонија. Нека заборави секој политичар ако мисли дека тоа можи лесно да го направи. Нема да го спаси Заев албанската дијаспора во Швајцарија и да му ја обезбеди идинината. Нема да го спаси Заев ни регионот Тичино во Швајцарија во кого гледа безбедност, политичка и економска, доколку направи раздор во нашата татковина. Почитувани, браќа и сестри не дозволувајте тоа да се случи. Во ваши раце е сега одлуката на 11 декември, едногласно сите заедно и обединети како никогаш досега, сложно сите заедно за Македонија, да ја покажеме нашата сплотеност. 11 декември да биде првото пенкало на вистината од Македонецот и гордо главата горе, само денеска наместо со пушка да решиме со пенкало за да не оставиме нашите деца да решаваат со пушка. На 11 декември да кажеме сите заедно за една Македонија, не за кантонизација, не за федерализација, и не да се разбирање на странски јазици во сопствената држава. ДА за Македонија“, истакнуваат здрженијата на Македонците од Швајцарија, Франција, Италија, Германија и Скандинавија, македонската дијаспора,во интервју за програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ “ на ТВ Сонце.-Ние, Македонците од Швајцарија, Франција, Италија, Германија и Скандинавија , македонската дијаспора, не се согласуваме со изјавата на господинот