Македонската економија следната година се очекува да има раст од 3 проценти според проекцијата на Владата и 3,5 проценти според Народната банка на Република Македонија.Владата очекува дека растот на економската активност следната година ќе биде придвижен од извозот на стоки и услуги, кој е проектиран со раст од 6 проценти на реална основа. Позитивно влијание се очекува да има разрешувањето на политичката криза со завршување на изборите врз довербата на домашните компании што пак ќе придонесе за зголемен раст на инвестициите и потрошувачката.
Градежништвото се очекува да има раст опд 5,2 проценти, услужниот сектор 2,8 отсто, земјоделскиот сектор 2,3 проценти и индустријата да раст од околу 2 проценти.
Годинава што изминува се очекува да заврши со раст на БДП над проекцијата од 2,3 проценти.
Во првите три квартали, како што рече министерот за финансии Кирил Миноски деновиве, има континуирано стапки на раст на БДП кои се движат над 2,5 проценти.
Народната банка на РМ според последната проекција смета дека растот на македонската економија за годинава ќе изнесува 2,3 проценти.
НБРМ очекува закрепнување на економијата и растот да достигне 3,5 проценти во 2017 и 2,7 проценти во 2018 година.
Носители на растот за годинава се инвестициите и увозот, а дополнителен импулс дава и приватната потрошувачка.Владата очекува дека растот на економската активност следната година ќе биде придвижен од извозот на стоки и услуги, кој е проектиран со раст