Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, говореше за придобивките од вториот дел на проектот „Македонија вработува“, кој, како што рече Спасов, дава огромна поддршка за македонската економија.Тој на оваа тема разговараше во своето гостување во вчерашните вести на Сител телевизија.-Со оглед на тоа дека првиот дел од овој проект, проектот „Македонија вработува 1“, даде исклучително добри резултати, вроди со плод и отвори нови 19.00 места и им помогна на над 10.140 компании да го зголемат бројот на вработени, а за сметка на тоа да заштедат значителни средства, сосема очекувано беше да продолжиме со негова реализација за отворање нови работни места со поддршка на македонските граѓани коишто бараат работа и со поддршка на македонските компании, потенцираше Спасов.
Ослободувањето од плаќање придонеси и персонален данок за првата категорија може да изнесува од 27 до 37 проценти од просечната бруто плата. Тоа во просек е околу 2000 евра годишно намалување на трошоците што ги има една компанија за да отвори ново работно место преку проектот „Македонија вработува“.
-Ако се земе предвид дека голем број на нови работни места се креираа преку првиот дел од проектот, финансиската поддршка којашто ја добива македонската економија преку само овој проект е огромна. Аплицирањето е сосема едноставно. Сите компании што се редовни сервисери на обврските кон државата и редовно плаќаат социјални придонеси за своите вработени, плати и даноци, може да аплицираат за овој проект едноставно со поднесување на барање до Агенцијата за вработување со селекција од листата на невработени лица коишто ги исполнуваат условите и со нивното пријавување добиваат потврда со ослободување од плаќање на придонеси, рече министерот.
Како што истакна Спасов, постоечките вработени во компанијата немаат потреба да се сомневаат дали ќе го задржат своето работно место, бидејќи само оние работодавачи кои не го намалиле бројот на вработени можат да ги искористат поволностите од проектот „Македонија вработува“.
-Ова системско решение важи за сите компании коишто ги исполнуваат условите, како и за сите невработени лица кои влегуваат во петте категории на ранливи лица и невработени, односно според возраста, ќе се применува во период од 12 години, истакна Спасов и ги повика сите заинтересирани компании да се пријават и да аплицираат за оваа мерка.
Проектот „Македонија вработува“ за само една година ја намали невработеност во Република Македонија за 2,8 проценти , заедно со сите останати сите мерки кои ги реализира Владата на Република Македонија за намалување на невработеноста.
Успешната бизнис приказна на „Милина свитс“, укажа, се разви благодарение на мерката на Владата „Македонија вработува 1“, па така во фирмата од вкупно 18 вработени, 15 лица од различни категории се вработени преку владината мерка.
Само во Штип и штипско преку владиниот проект, како што истакна премиерот Димитриев вчера при посета на фабриката, се вработени 968 лица, во 336 компании.
– На државно ниво оваа програма на Македонија и донесе 19.000 нови вработувања, а мерката ја искористија повеќе од 10.000 компании, што значи дека мерката е добро обмислена и дава одлични резултати. Затоа се одлучивме да одиме со нова мерка, „Македонија вработува 2“, која што нуди слични бенефити за компаниите, доста влијаеше на невработеноста и зголемување на бројот на работно анагажирани лица, рече Димитриев.
-Со оглед на тоа дека првиот дел од овој проект, проектот „Македонија вработува 1“, даде исклучително добри резултати, вроди со плод и