Македонската Пи Ворлд со историски настан во Иран

Над 400 маркетинг експерти од Иран и од светот присуствуваа на Global Marketing Summit, првиот интернационален маркетиншки настан во Иран, кој се одржа од 21 до 22 ноември во Шахид Бехешти Универзитетот во Техеран.Организиран од македонската креативна агенција Пи Ворлд, настанот имаше цел да и ги прикаже на иранската публика најновите светски маркетиншки трендови но и да ја запознае светската бизнис елита со можностите за инвестирање во оваа Исламска Република.
„Настанот во Иран е круна на нашата петгодишна работа. Горди сме што токму на нас ни припадна честа да го организираме овој историски настан и презадоволни сме од постигнатото. Искрено се надеваме дека нашиот настан ќе придонесе кон менувањето на глобалната перцепција за Иран и дека конечно западот ќе сфати дека нема ништо мистериозно за оваа земја. Факт е дека Иран се враќа на голема врата на глобалната бизнис сцена и горди сме што сме првата глобална агенција на која и е дозволено да работи во земјата“, изјави Коста Петров, основач и извршен директор на Пи Ворлд.Организиран од македонската креативна агенција Пи Ворлд, настанот имаше цел да и ги прикаже на иранската публика најновите светски маркетиншки трен

Пронајдете не на следниве мрежи: