Македонската традиционална зимница и органските производи се вистински хит во октомври

Еден од најпопуларните месеци за подготвување домашна зимница, октомври, започнува во знакот на Меѓународниот саем за широка потрошувачка, Агрофуд 2015. Токму од денеска, па сè до недела, (од 1-ви до 4-ти октомври) македонските граѓани кои немаат слободно време поради модерниот начин на живот за да ја подготват традиционалната македонска зимница, а сакаат во зимските месеци да си отворат некоја тегла ајвар или кисели краставички, тогаш нека дојдат на Скопски саем. Освен квалитетната традиционална зимница и нејзиниот продажен аспект, новитет се органските производи кои што се одгледани по најстрогите законски стандарди од исклучиво македонски производители.„Секоја година се трудиме да понудиме што повеќе новитети на Меѓународниот саем за широка потрошувачка Агрофуд. Оваа година продажниот аспект на саемот е гаранцијата дека секое семејство ќе има моќност лесно да се снабди со вкусна и квалитетна зимница од исклучиво природни состојки. На „Агрофуд 2015“ меѓу многуте изложувачи ќе имате можност да ги посетите и штандовите за македонска зимница и традиционални производи на ДИЕМ-ГП, Best Food, Млекара Ѓорѓиев Бонум, Ука Комерц, Минерална вода Суна итн. Меѓу неколкуте новитети би ја споменале и органската храна како и промовирањето на македонските органски производители. Потоа, тука е и одржувањето на МАКЕДОНСКО–УНГАРСКИТЕ БИЗНИС СРЕДБИ за време на саемот. Целта е остварување на директни контакти со компаниите од Унгарија со креирање на можности за воспоставување на конкретна деловна соработка и зголемување на продажбата на македонските производи, изјавија од Скопски саем.
Органските производи кои ќе бидат презентирани исклучиво од македонските органски производители се големиот новитет оваа година на „Агрофуд 2015“.

Во Македонија расте потрошувачката за здрава храна, а со тоа расте и производството и преработката на органски производи. Сите граѓани од 1-ви до 4-ти октомври, ќе имаат можност на штандот на IME (Програма за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската Агенција за развој и соработка имплементирана од Swisscontact), која ги помага македонските производи на органски производители, да се запознаат со органските производи. Исто така, сите македонски фармери имаат отворени можности да се информираат за тоа како да станат производители на органски производи.
На отворањето на „Агрофуд 2015“ говореа и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, амбасадорот на Унгарија, Јожев Бенце, амбасадор на Швајцарија, Стефано Лацарото.
На изложбено-продажните штандови освен прехранбените производи како храна, пијалаци и стоки за широка потрошувачка можат да се разгледаат и набават најразновидни и најнови машини и опрема за амбалажирање и внатрешен транспорт.
„Афрофуд 2015“ е „облечен“ во ново руво, а преку поблизок и помодерен пристап има за цел да ја најави есента со најдоброто од Македонија. Влезот за сите граѓани е бесплатен.„Секоја година се трудиме да понудиме што повеќе новитети на Меѓународниот саем за широка потрошувачка Агрофуд. Оваа година продажниот аспект

Пронајдете не на следниве мрежи: