четврток, 26 ноември 2026
Најново

Македонски автобус излета од автопатот Белград- Ниш, четворица повредени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила во 5.50 часот утрово ан автопатот Белград – Ниш во близина на алексиначкото село Катул.До незгодата дошло кога автобус на транспортната фирма Транспродукт кој сообраќал на линијата Скопје – Белград, од сеуште неутврдени причини излетал од автопатот.
Екипите на итната помош четворица повредени пренесоа до нишкиот Клинички центар. Тројца по дијагностиката се отпуштени зошто немале сериозни повреди, а еден пациент и натаму е во болнциа. Според неофицијалнтие информации на лекување е задржан возачот на автобусот кому најверојатно му се слошило во текот на возењето, што довело до несреќата.
Во Транспордукт соопштија дека во моментот на несреќата во автобусот имало 14 патници кои влегле во Скопје.
 До незгодата дошло кога автобус на транспортната фирма Транспродукт кој сообраќал на линијата Скопје – Белград, од сеуште неутврдени причини

Поврзани вести