Македонски искушенија

Ви го пренесуваме ставот на Раде Силјан, Главен и оговорен уредник на едицијата „Македонски искушенија”Почитуван господин Никола Груевски, претседател на Владата на Република  Македонија,
Почитувана госпоѓа Елизабета Канчевска-Милеска, министер за култура во Владата на Р. Македонија,
Дами и господа
Ве поздравувам од името на Редакцијата што го подготвува проектот “Македонски искушенија”, со искрена желба овие дела од капитално значење за нашата историографија да бидат дистрибуирани во повеќе библиотеки и книжарници, лекторати и славистички центри воедно и да бидат  преведени на повеќе странски јазици, со цел светската јавност изворно да се запознае со долгиот и макотрпен револуционерен процес на Македонската борба за слобода.
Книгите што денеска ги промовираме се посветени на дејци, кои оставиле длабоки траги во свеста кај Македонците. Презентираме дела кои говорат за судбоносни настани, кои се одвивале на територијата на етничка  Македонија, под лозунгот: Смрт или слобода! Во прилозите на нашите историчари од сите генерации, направен е хронолошки пресек на збиднувањата и стремежите на македонските национални првенци, кои се бореле и гинеле за слободата на својата татковина. Благодарение на научните согледби, на  бројни факсимили и автентични илустрации, ние, денес можеме да си создадеме една комплетна слика за херојските подвизи на нашите предци, и за човечките идеали во пресудни времиња. Тие вознесени чувства македонскиот народ ги плаќал со многу жртви, со крвав данок и со прогонства. Така, низ протокот на времето преселбите и делбите станале наша прокоба, та денес да не има расштркани низ целиот свет, откорнати од своите родни огништа.
Застапените книги во едицијата „Македонски искушенија” го потврдуваат  научниот историски факт дека, македонското национално-ослободително движење е автентично и оригинално по својот карактер. Во содржински поглед тоа е различно од останатите претходни ослободителни движења на  балканските народи и како филозофски концепт и како идеја за државно управување. Автентичноста на македонското движење јасно се забележува уште во Преамбулата за правилата на Македонскиот востанички комитет во времето на Кресненското востание од 1878 / 1879 година. Во нив се потенцира историскиот континуитет на Македонците од времето на Александар Македонски преку светите браќа Кирил и Методиј до современоста. Кресненското востание, Македонската лига од 1880 година и создадената Привремена влада на Македонија се демострација на социјалната, националната и државно – правната еманципација.
 Македонското движење црпи идеи од Големата француска револуција за слобода, братство и рамноправност. Во своите идеи, националните лидери Димитар Попгеоргиев Беровски, подоцна и Гоце Делчев  се потпираат на македонскиот космополитизам познат уште во античка Македонија. Затоа е лансирана идеата за етничка еманципација. Во македонското востание  може да учествуваат сите македонски жители, без разлика на верата и народноста. Затоа и во духот на македонскиот космополитизам Гоце Делчев ќе ја искаже позната мисла: “Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар на народите”. Станува збор за свет без државно-политички  и етнички судири. Меѓутоа, апостолите Гоце Делчев, Даме Груев и Јане Сандански беа свесни за посебноста на македонскиот народ. Во своите стенографски белешки од 12 јануари 1903 година Пеју Јаворов ги запишал зборовите на Гоце Делчев: “Ќе го скинеме црниот превез и ќе изгрее сонцето на слободата, но не бугарското сонце”. Во 1907 година и Јане Сандански, според бугарскиот историчар Христо Силјанов тврди дека македонците се посебен народ. Истовремено како космополити на македонското-ослободително движење тие го прифаќаат мултиетничкиот карактер на идната македонска држава, па заедно со македонците во органите на Крушевската Република учество зедоа и претставниците на останатите етнички заедници.
Во времето кога на Балканот и во другиот дел на Европа судбината на народите зависеше од монархистичките режими со авторитарно владеење, македонскиот народ преку Крушевската Република ги прокламираше идеите на републиканството. Во времето кога останатиот свет страмежливо зборуваше за заштитата на човековите права, илинденците реално почнуваат да ги заштитуваат тие права, преку идејата за толеранција меѓу етносите. На тој начин љубовта кон татковината, кон сопствениот народ се претвара во љубов и кон другите народи.
Почитувани,
Внимателниот читател на овие дела ќе дојде до заклучок, дека станува збор за исклучително добро конципирани книги, во кои се согледува историскиот континуитетот, проследен со многу идеали, надежи и стремежи за создавање на самостојна и независна македонска држава. Во овие дела се говори со јазикот на фактите, при што врз реална основа се обликува мозаикот на судбоносните премрежиња што ги имал нашиот народ во својата долговековна историја. Искажаните научни согледби со јазик прифатлив за широк круг на читатели, упатуваат на констатацијата дека овие прилози посветени на Македонските дејци и на македонската голгота треба да се прифатат како настолни книги за нашата историска реалност низ вековите.
Со промовирањето на книгите од едицијата „Македонски искушенија” искажуваме почит кон личностите и кон револуционерните процеси што се одвивале на наше тло. Низ научни согледби и низ автентични податоци, искажани од добри познавачи на историските собитија на македонскиот народ, ние го следиме долгиот пат на големите борци за национални идеали и презентираме монографски дела, прифатливи за широк круг на читатели.Почитуван господин Никола Груевски, претседател на Владата на Република  Македонија,
Почитувана госпоѓа Елизабета Канчевска-Милеска, м

Пронајдете не на следниве мрежи: