Македонски производ со современ џез призвук

Mакедонски производ со одличен џез звук! Ова е општиот впечаток од промоцијата на првиот албум на скопскиот џез бенд Fierce. Во одлична атмосфера, со релаксирано друштво и многу насмеани лица, вчеравечер во “Барбакан Бистро бар“ бендот ја претстави музиката која ја негуваат, како и песните од нивниот прв носач на звук. Џезот што авторски го интерпретира оваа музичка дружина, разбуди пријатни емоции кај присутните гости, што доволно говори за задоволството од звукот и правецот кој го негуваат.Џез бендот Fierce е формиран во 2012 година во Скопје и е составен од повеќе млади музичари кои го практикуваат современиот џез призвук. Бендот е во состав: Сенад Усеин – труба, Борислав Веселинов – алто саксофон, Марко Василевски – контрабас, Виктор Филиповски – тапани / перкашнс и Горјан Стојменовски – гитара. Досега, Fierce има настапувано на повеќе реномирани фестивали, свирки и настани во Македонија, но и надвор од националните рамки.
На нивното прво ЦД се ставени седум нумери, а по првата скопска, во план е продолжување со промоција на албумот низ повеќе градови во Македонија. Сосема е извесно, велат момците од бендот, промоции да се прават и надвор од гранците на државата. Воедно, Fierce ја најавуваат и работата на нивниот втор албум, а снимањето се очекува да започе во февруари идната година. “Дотогаш, кој не бил на првата промоција, нека дојде на некоја од следните! Или нека ужива во музиката на нашето ЦД, кое што може да се најде во поголемите музички продавници.”, велат од Fierce.Џез бендот Fierce е формиран во 2012 година во Скопје и е составен од повеќе млади музичари кои го практикуваат современиот џез призвук. Бендо

Пронајдете не на следниве мрежи: