Македонски специјални единици во 21-ви век

Армијата на Република Македонија се состои од повеќе специјални единици кои се од голема важност за обезбедување мир и безбедност на македонскиот народ. 
Издвоивме неколку македонски специјални единици, што се најприсутни во медиумите, за да ве запознаеме со нивните карактеристики, цели и различности кои ги имаат меѓу себе. 
1. Специјална единица „Волци“
Волците се специјални единици кои се секогаш спремни за екстремни ситуации и акции. Тие користат ладни оружја т.е. нож. Тие исто така владеат со највисок ранг на борбени вештини кунг фу, џудо, таеквондо и други. Најчесто нивните тренинзи се одвиваат низ македонските планини, каде што се оставени сами на себе се со цел да научат да преживуваат. 
Форумските извори за овие специјални едници велат дека тие се вистиски ѕверови. Кој припаѓа на едницата „Волци“ е строго доверливо, па никогаш не би дознале дали вашиот комшија или најдобар другар е дел од оваа македонска специјална единица. 

2. Специјална единица „Желки“
Според форумски извори „Желки“ ги викаат постарите полицајци кои биле ангажирани на разни немири во конфликтот во 2001-вата година. Желките користат огнено оружје и се тренирани да бидат подготвени и во најлошите ситуации поврзани со конфликти во кои има користење на огнено оружје. Нивниот тренинг најчесто се одвива на полиња, планини и стрмни терени. 

3. Специјална единица „Тигри“
Тигрите имаат за цел да обезбедуваат јавна личност,  справување со кризи, специјални задачи за кои не била подготвена тогашната полиција, а подоцна за антитероризам, специјални задачи од типот диверзантски акции, инфилтрирање позади линијата на непријателот, обезбедување на терен, подготовка на терен за воени дејствија на останати воени државни структури, приведување и апсење на криминалци или личности барани од законот, нуркање, извлекување на давеници, затрупани во лавини, експлозиви,користат кучиња трагачи, обезбедување на лица од витално значење.
Исто така познато е дека оваа наша специјална единица е трето рангирана во делот на снајперизмот во светски рамки. Се смета дека е една од најподготвените специјални единици која е секогаш достапна, за било каков проблем. 

 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Армијата на Република Македонија се состои од повеќе спе

Пронајдете не на следниве мрежи: