Македонскиот спортски весник „Македонски спорт“ во своето издание излезе со статија која има наслов „Секој клуб посакува такви навивачи“, статија која наиде на огромно незадоволство кај навивачите на Вардар, но статија која секако треба да наиде на огромно задоволство кај вистинските љубители на мак фудбалот, статија која треба да биде фер, коректно и со задоволство поздравена.Мора да се поздрави храброста за оваа статија која е потпишана од страна на З. Ѓоршовски, која ја отсликува реалноста кај нашиот фудбалски шампион и неговите т.н. навивачи.
Од изданието на „Македонски спорт“
„Кога станува збор за навивачите, за „Балистите“, секој клуб посакува да има такви верни навивачи. Ова со Дестани е и нивна голема победа. Се виде колку го сакаат својот клуб кога со денови и недели бараа спонзори да влезат во клубот, кога излегоа со акција и барање до „Еколог“ да влезе во клубот. Ова треба да се цени и почитува“ се вели во текстот потпишан од страна на З. Ѓоршовски.
Нема што, ова е статија за пример, храброст и непристрасност, статија која секако треба да се поздрави, бидејќи во неа во кратки црти е опишано што му е потребно не само на Вардар, туку и на сите останати македонски фудбалски екипи, лојални навивачи кои ќе се борат за својот омилен клуб на секој можен начин.
На првиот натпревар од ПМФЛ меѓу екипите на Шкендија и Турново кој се одигра на Градскиот стадион во Тетово, беа присутни близу 7000 љубители на фудбалот, па така тие со разни транспаренти го поздравија новиот спонзор и упатија огромна благодарност до истиот. На истиот натпревар се постави огромен транспарент на кој пишуваше „Моето име е Шкендија, јас сум за фер плеј“, транспарент кој ветува добри денови во мак фудбалот, и секако, треба да се потенцира дека на натпреварот во Тетово, немаше никакви националистички песни, транспаренти, извици… Се навиваше во духот на фер-плејот.
Само за илустрација, нашиот фудбалски шампион за натпреварот со германскиот светски фудбалски гигант Шалке не привлече повеќе од 3000 гледачи на најубавиот стадион во Македонија. Патем, на реванш дуелот од квалификацискиот натпревар со романска Стеауа, нашиот шампион исто така едвај 3000 гледачи привлече на нашиот најголем стадион.
За оние кои не се упатени во целата ситуација, навивачите на тетовска Шкендија имаа голема акција за да доведе спонзор во екипата. Цело Тетово беше преплавено со транспаренти „Ecolog, thuaj PO/Еколог, кажи ДА“, секојдневно навивачите на Шкендија преговараа со мошне силната и економски моќната компанија „Еколог“, за таа да влезе во тетовска Шкендија, па нивниот труд вроди со плод.
Сега, благодарение на огромниот труд вложен од навивачката група „Балисти“, екипата на Шкендија ќе атакува на високите позиции во ПМФЛ и ќе бара излез во Европа. Од „Еколог“ се ветува реконструкција и модернизација на Градскиот Стадион во Тетово, екстра засилувања за екипата, и секако… повеќе од солиден буџет, кој што за многу екипи од домашниот шампионат после толку години остана само СОН, и ништо повеќе…
Е, да, „Македонски спорт“, имате право, „СЕКОЈ КЛУБ ПОСАКУВА ТАКВИ НАВИВАЧИ“!!!
Фото/Видео: TelevizioniKohaTetov (Фото преработка од „Youtube“ видео)Мора да се поздрави храброста за оваа статија која е потпишана од страна на З. Ѓоршовски, која ја отсликува реалноста