Македонски Телеком донираше компјутерска опрема за студентскиот дом „Гоце Делчев“

Опремена е читалната во реновираниот блок
Донацијата е во износ од над 900 000 денариМакедонски Телеком донираше компјутерска опрема за студентскиот дом „Гоце Делчев“ (Државен студентски дом „Скопје“). Опремата од компјутери, ТВ уреди, печатачи и телеком услуги е достапна за сите студенти во читалната во реновираниот блок „Б“.
„Основниот мотив на Македонски Телеком за донацијата е поддршката на младите и образованието и унапредувањето на информатичкото општество.  Со опремувањето на читалната со компјутери, телевизија и интернет, студентите добиваат современо катче за учење, информирање и дружење“. – изјави Климентина Тунтева Кржаловска, директор на Стратегија и корпоративни комуникации во Македонски Телеком.
Донираната опрема е во вредност од над 900 000 денари. Инсталирани се и вмрежени 20 нови десктоп компјутери, два ТВ уреда и два печатачи. Обезбедена е и опрема за безжичен интернет како и пакет услуги на Македонски Телеком: Telekom HotSpot, MaxTV пакети и два телевизиски пакети Max Sport+.
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, изрази голема благодарност до Македонски Телеком за целосната поддршка од нивна страна за обезбедување на потребната компјутерска и дигитална опрема, за современата читална за студентите во неодамна реновираниот блок Б.
„Оваа донација е еден исклучителен гест за почит и потврда за корпоративна општествена одговорност, која се надевам и понатаму ќе биде на високо ниво и преку една коректна соработка на бизнис секторот со нас, како Министерство и Влада, ќе продолжи да дава позитивен придонес во унапредувањето не само на студентскиот стандард, туку и на бројни други сфери и области.“
Македонски Телеком во насока на својата стратегија за поврзани живот и работа, ги поддржува проектите за поддршка и развој на дигиталното општество и унапредувањето на животот и образованието на младите.Македонски Телеком донираше компјутерска опрема за студентскиот дом „Гоце Делчев“ (Државен студентски дом „Скопје&ldquo

Пронајдете не на следниве мрежи: