Во пресрет на највозбудливите натпревари од финалето и полуфиналето на ЕУРО 2016, Македонски Телеком го подготвува најголемиот навивачки „терен“ на плоштадот „Македонија“.На 6, 7 и 10 јули, 2016 година, сите љубители на фудбалот ќе имаат можност да навиваат за својот фаворит во вистинска стадионска атмосфера.
За загревање на атмосферата забавата ќе почнува во 19 часот и 30 минути, со: „Фудбал Манија“ на Дарко и Сашко, наградни игри и музика, сé до почетокот на натпреварите во 21 часот, кои ќе се следат на екран на плоштадот.
Финалното одбројување на ЕУРО 2016 ќе започне на 6 јули (среда) помеѓу репрезентациите на Португалија и Велс, а на 7 јули (четврток) нè очекува натпреварот помеѓу Франција и Германија.
Ве очекуваме на плоштад „Македонија“.
На 6, 7 и 10 јули, 2016 година, сите љубители на фудбалот ќе имаат можност да навиваат за својот фаворит во вистинска стадионска атмосфер