Кога ќе ги споите професионалните и дисциплинирани спортисти со детската спонтаност и насмевка, неизбежно е да добиете слика која ќе ви го стопли срцето. Во спортската сала Јане Сандански на редовен тренинг на ракометарите на „Вардар“ се случи необично позитивна атмосфера за која причина беше посетата на дечињата од Домот за деца без родители „11 Октомври“. За повеќето од нив Дибиров, Лазаров, Душебаев, Стоилов, Прибак се добро познати спортски ликови од ТВ преносите на спортските натпревари, а сега за првпат и се запознаа со нив. Поминаа одлични 30-40 минути на паркетот, забавувајќи се и учејќи дел од триковите на големите ракометни мајстори.„Ова беше ново искуство за нас…а подавањето на топката од детските рачиња за мене доби сосема ново значење. Стануваме свесни дека со дресот кој го носиме не ги браниме само боите на клубот и земјата, туку имаме и многу поголема одговорност бидејќи сме пример за најмладите. Наша задача е да ги мотивираме и охрабриме децата и тие да се развиваат во сличен правец, бидејќи спортот е најдобриот начин за искажување на детскиот темперамент, и вистинскиот пат за создавање карактер и општествено корисни вредности. Им благодараме на Македонски Телеком и Т-Мобиле за ова искуство а се надевам дека задоволството и користа беше взаемна како за нас така и за дечињата“, изјави Филип Лазаров, нашиот репрезентативец и ракометар на клубот Вардар.
На крајот на тренингот на гостите им беа поделени дресовите на РК Вардар, со автограм од нивните омилени играчи.
Иницијативата за ваквото несекојдневно дружење произлезе од партнерството меѓу Македонски Телеком, Т-Мобиле Македонија и ракометниот клуб Вардар со кое играчите на трите клуба – машкиот и женски ракометен клуб „Вардар“ и Фудбалскиот клуб „Вардар“ го носат на своите дресови знакот на светски реномираниот бренд.„Ова беше ново искуство за нас…а подавањето на топката од детските рачиња за мене доби сосема ново значење. Стануваме свесни дека со д