Македонски Телеком ја измери досега најголемата брзина на пренос на податоци на мобилната мрежа во земјава од над 300 Mbps за симнување (download).Тоа се должи на воведување на нова, најсовремена 4×4 MIMO технологија која е надградба на 4G и е чекор напред кон мрежата на иднината.
Новата технологија, ќе им овозможи на корисниците огромни интернет брзини за пренос на податоци како и подобро корисничко искуство при користење на мобилниот интернет.
Брзината на пренос на податоци со новата мрежа во споредба со 4G е двојно поголема.
Ако досега корисникот симнувал содржина од 2 GByte за 2 минути со основната 4G технологија, со новата технологија за истата содржина ќе биде потребна само една минута.
„Она што пред неколку години се чинеше невозможно станува реалност. Денес, Македонски Телеком, прв пат во Македонија, ја измери најголемата брзина на мобилната мрежа од над 300 Mbp/s. Ова е резултат на надградбата на 4G мрежата со нова технологија, но е само еден чекор напред кон нашата цел. Во наредните три години со инвестиции од над 60 милиони евра планираме да ја градиме мрежата на иднината – Giganet, која не само што ќе овозможи огромни брзини на интернет, туку и целосно ќе го смени начинот на кој комуницираме“ – изјави Андреас Елснер, Главен извршен директор на Македонски Телеком.
Македонски Телеком веќе почна да ја имплементира новата технологија и се очекува, корисниците од Скопје, Центар оваа есен да бидат први во регионот што ќе користат вакви брзини. Веќе од наредната година, оваа технологија ќе биде достапна и во другите поголеми градови низ Македонија.
Мрежите со големи интернет брзини ќе бидат главниот предизвик на телекомуникациските оператори во наредните години заради сé поголемата потреба од пренос на податоци.
Освен што ќе донесе поголема стабилност на сигналот и побрз интернет ќе се смени начинот на којшто функционира нашето општество: машините ќе комуницираат со други машини, ќе живееме во паметни домови и паметни градови, ќе возиме паметни автомобили, како и многу други придобивки во медицината, образованието, бизнисот.Тоа се должи на воведување на нова, најсовремена 4×4 MIMO технологија која е надградба на 4G и е чекор напред кон мрежата на иднината.