Македонскиот идол Виктор открива:„Уживам во сексот а лубрикантите ми се слабост“

Kако и секој млад човек, уживам во сексуалниот чин, но одговорно и безбедно, вели младиот поп-пејач Виктор Апостоловски, кој стана првиот амбасадор на „Дурекс“ за Македонија.Момчето што се прослави со „Македонски идол“ ќе ги едуцира младите за заштита од ХИВ/СИДА и од сексуално преносливите инфекции, но и за ризикот од непланирана бременост. 
– Одговорноста за користењето кондомите е и на момчињата и на девојките ако сакаме да планираме здраво семејство. Освен кондомите, големо задоволство ми причинуваат и лубрикантите кои се од особено значење за двата партнера. Kако амбасадор во Македонија, на младите им порачувам да водат љубов безбедно и да бидат искрени меѓу себе во полето на љубовта – вели Апостоловски.
Kампањата за оваа година е предвидено да се одвива низ неколку града, а со неа ќе се опфатат едукативни сесии, летна кампања на охридските плажи, испитување на јавното мислење, креирање апликација за паметни телефони, како и едукација преку социјалните мрежи. Виктор ќе биде поддршка на активностите во кампањата, како млада личност која ќе ја поттикнува свесноста кај младите за потребата од заштита при сексуален однос и планирање на нивното семејство.

На прво место ќе ни биде едукацијата, па потоа забава и дружење со моите фанови и врсници, да размислуваат зрело и разумно да ги носат одлуките во животот – објаснува тој.
Паралелно со новата улога, Апостоловски продолжува и со своите музички активности. Работи на својот деби-албум, кој ќе го најави со балада што ќе ја промовира на 14 февруари, на Денот на вљубените.
По учеството во „Македонски идол“ Виктор стана еден од најангажираните млади изведувачи. По шоуто, кариерата ја продолжи претставувајќи се како композитор, текстописец и продуцент. Во меѓувреме издаде четири авторски дела во соработка со други афирмирани музичари. Неговите песни беа емитувани и на „Ем-ти-ви Адрија“. 
Извор: dnevnik.mkМомчето што се прослави со „Македонски идол“ ќе ги едуцира младите за заштита од ХИВ/СИДА и од сексуално преносливите инфекции, но и за

Пронајдете не на следниве мрежи: