Македонскиот јазик е признаен на сите континенти, но и се учи повеќе стихијно отколку организирано- анализира Нова Македонија.
-Децата на иселениците во земјите каде што имаме посилна дијаспора почнуваат полека да се одлепуваат од ткивото. Оние од втората или од третата генерација имаат поголем проблем да го совладаат македонскиот јазик. Национален интерес е државата да се грижи за Македонците што живеат и се раѓаат во дијаспората за да го зачуваат идентитетот и да им го пренесат на своите поколенија, а тоа најдобро може да го направи преку организирана мрежа од институции и кадар што системски, а не стихијно, би го вовеле македонскиот во државните наставни програми, порачуваат јазичарите. Така е, на пример, во Австралија, каде што се спроведува настава по македонски јазик како дел од државната наставна програма, пишува весникот.
Наставата во Мелбурн се одржува како редовна и дополнителна, и тоа во три средни училишта, едно основно и во пет други училишни центри. Покрај Австралија и Канада, каде што имаме најмногубројна дијаспора, сѐ повеќе Македонците има и во земји од Третиот свет, но таму воопшто не постои ни идеја за одржување на јазикот.
Македонскиот јазик се изучува и во Шведска, Франција и Турција. Македонските иселеници што живеат и работат во Шведска се изборија за поголема застапеност на македонскиот јазик и добија поддршка на тамошните власти. Овој проект доби поддршка од шведското министерство за култура.
-Иако во Шведска живеат и работат над 15.000 Македонци, застапеноста на македонскиот јазик беше на ниско ниво. Во шведските библиотеки можеа да се најдат само постари книги на српски или на хрватски јазик, но со поддршка на Агенцијата за иселеништво сега тој фонд се збогатува и со книги на македонски.
Проектот е, пред сѐ, наменет за помладите генерации.Од 2011 г. и во Париз се учи македонски јазик. Наставничкиот кадар е испратен од Министерството за образование на Македонија, а програмата се одвива во две фази, пишува Нова Македонија.
Над 700 ученици од Измир и околните општини во Турција, пак, го изучуваат македонскиот јазик.
Македонската емиграција денес е една од поголемите во светот, сразмерно на бројноста на македонскиот народ во матичната држава. Се раѓаат веќе вторите, третите, па и четвртите генерации Македонци, но тие сѐ повеќе се оддалечуваат од корените, нивниот мајчин јазик е англискиот, германскиот, францускиот… Затоа е неопходно државата да обезбеди услови и можности да го научат и македонскиот јазик, се пишува во анализата на весникот.Македонскиот јазик е признаен на сите континенти, но и се учи повеќе стихијно отколку организирано- анализира Нова Мак