Македонскиот опиум бил извезуван и баран во целиот свет-дознајте зошто било прекинато неговото производство

Во Архивата на Југославија, има флејтон „Ран Балкан“ од францускиот публицист Албер Лондар од 1931 година. Врз основа на расположливите податоци за производството и извозот,  се гледа дека производителите на опиум во Вардарската долина, помеѓу двете светски војни, задоволувале 43% од побарувачката на легалната преработувачка индустрија, додека последователната турско-југословенска соработка опфаќала 80% од светските потреби! Од цевките на пушка на тиквешката земја
Благодарение на геолошките предиспозиции на македонската земја и специфичната клима, одгледувањето афион уште во раниот 19-ти век стана ветувачка активност, преку која Турците видоа „скратен пат“ за економско придвижување на Македонија и зголемување на профитабилноста на турските поседи.
Првиот афион бил засеан во 1835 година во околината на Штип, а анегдотата вели дека афионските семиња биле донесени во цевките на пушка. Како први одгледувачи на афион се споменуваат Абдул Хешан Халил и извесен Али Симон Заде, кои првото семе го засеале во Кавадарци.
Во осумдесеттите години на 19-ти век селаните во Штип, според инструкциите на солунските трговци го одгеледувале растението, го посипувале со катран и го наплаќале добро.
Веста за чудната билка брзо се проширила, па долините Тиквеш и Рајац побелеле од огромните полиња со цветови. Со оглед дека македонскиот подвид на афион е создаден со вкрстување на бел и виолетово-сив афион, многумина заклучиле дека при формирањето на првото експериментално поле активно учествувал и некој експерт. Добрата страна на одгледвањето афион била во фактот дека по жетвата можеле да се засеајат уште семиња, па истата година, од истата област да се добијат две жетви.
Првите статистички податоци покажуваат дека во 1880 година во долината на реката Вардар се произвеле 70 тони, дека во 1893 година преку солунското пристаниште се извезени над 19 тони, а дека следната година производството достигнало 79 тони суров опиум.
Во тогашната Отоманската Империја само во областа на Повардарието се одгледувани 28% од целокупното турско производство, иако и тогаш била забележана навиката на производителите да тежината на стоката ја зголемуваат со разни додатоци, со додавање на пржен леб, жолчка од јајце, варен скроб и слично.
Зоната на одгледувањето на опиумот на југословенското царство опфаќала 14.000 хектари во 40 општини во Вардарската долина. Македонскиот опиум благодарение на поволната почва и речни наноси бил меѓу најдобрите во светот, бидејќи содржел 14-16% морфин. За пример, кинескиот имал само 3-5% морфин.
Францускиот ботаничар Емил Перо за време на својот престој во Скопје изјавил дека „афионот од Јужна Србија го дава најдобриот опиум“, па не е чудно што бил многу баран во Франција, Германија и Швајцарија.
Највисок процент на морфин содржел опиумот одгледуван во околината на Кавадарци, Струмица и Велес, додека малку посиромашен бил во регионот на Прилеп и Кочани.
Покрај опиум, од афионпт се добивало и масло за јадење, кое половина се состоело од афионско семе. Културата на афионот барала добра подготовка на почвата и прецизен „тајминг“ и строго придржување кон роковите: од сеидбата кон крајот на август, разредување во почетокот на март, до запрашување на билките кон крајот на март и сечење на чаурите во почетокот на јуни.
Трошоците за производство на културата афион биле околу 5.000 динари по хектар, од кој се добивале 10-20 килограми опиум.
Откуп во рацете на политичката елита
Опиумскиот оддел на Првилигираното извозно друштво (ПРИЗАД) со седиште во Белград бил одговорен за купување на опиумот од македонските производители.
Според тврдењето на софискиот весник „Македонија“, основувањето на наведеното привилегирано друштво, имало за цел целиот извоз на земјоделски производи (вклучувајќи го и опиумот) да го стави во рацете на државата, па според неговите одлуки целиот опиум кој имал пазарна вредност од 80 милиони динари се откупувал од македонските производители за само два милиони!
Покрај ваквите потези секој член на друштвото добивал по 2% од прометот, покрај платата и хонорарите. На овие привилигирани положби биле поставувани луѓе лојални на кралството и се формирала монополска управа.
На производителите и трговците на опиум не им одговарал овој паушален откуп, туку барале плаќање според процентот на морфин, кој е содржан. Наместо тоа, ПРИЗАД одредил фиксен надомест од 200 динари за килограм, при што штипските производители биле принудени да ги продаваат своите производи на околните пазари, значително под цената.
Женевската конвенција како кошмар
На иницијатива на Лигата на народите, за намалување на „опиумманијата“, во Женева е потпишана меѓународната конвенција за опиум (1925), за производството, ограничување и регулирање на поделбата на наркотиците (1931), и Конвенцијата за сузбивање на недозволената трговија со наркотични дроги (1936)….
Повеќе на mkd-news.com
 
  Од цевките на пушка на тиквешката земја
Благодарение на геолошките предиспозиции на македонска

Пронајдете не на следниве мрежи: