Македонскиот виолинист Александар Иванов ќе ја претставува Европа на светски натпревар

Македонскиот виолинист Александар Иванов (16 години), иако е на средношколска возраст, сепак е најмладиот студент на Конзерваториумот „Рихард Вагнер“ во Виена, Австрија, во класата на професор Игор Петрушевски, кој предавал и на Кралската академија во Лондон.На 20 мај ќе свири во Софија со оркестарот на „Класик ФМ“ заедно со познатиот концерт мајстор на амстердамската филхармонија Веско Ешкенази. Концертот ќе се одржи во концертна сала со капацитет од 1.300 седишта, а билетите се веќе пред две недели распродадени. Минатата година, зема учество на мастерклас и натпревар во Будимпешта, каде доби високо признание и награда, а годинава на 29 јуни ќе настапи како солист заедно со „Данубе Симфони Оркестра“.
Но веста, која неодамна одекна низ светот е дека на аудиција беше избран како единствен Македонец меѓу сите кандидати од цела Европа и во октомври годинава во Осака, Јапонија ќе настапи на еден од најголемите светски натпревари за виолинисти и со самото тоа ќе ја претставува Европа.   
Уште во 2015 година на Александар му беше понудено да студира во Виена, но беше премлад, па затоа родителите одлучиле да ја одложат неговата наобразба на светски познатиот конзерваториум за една година подоцна.
На Конзерваториумот „Рихард Вагнер„ во Виена студираат исклучителни таленти од целиот свет. Вонредната талентираност на Иванов ја препознале тамошните професори. Иако неговите родители немале амбиција нивното дете да се занимава со музика, сепак Александар уште на седум години посакал да свири виолина. Негов прв професор бил Иле Темков, а напоредно ја усовршувал виолината и кај својот дедо професорот,  композитор и поранешен виолинист, Благој Цанев.
„Успеав да се вклопам многу добро во австриската престолнина и на самиот конзераториум. Средина каде се цени врвната професионалност. Има студенти од целиот свет и добро се согласуваме. Се дружам со Австријци, Јапонци, Кинези, Иранци, Мексиканци, Срби и Американци“ вели Иванов.
Како најмлад студент, тој е миленик помеѓу останатите повозрасни од него колеги.      
Инаку, Александар е најмладиот добитник на наградата „Виртуози“ во 2015 година, манифестација која ја организира Македонската опера и балет, Македонската филхармонија и Сојузот на композитори на Македонија. Изминативе години тој беше постојано присутен на македонската музичка сцена, настапувајќи како солист. Целото тоа искуство му го трасираше патот до студирањето во Виена.  На 20 мај ќе свири во Софија со оркестарот на „Класик ФМ“ заедно со познатиот концерт мајстор на амстердамската филхармонија

Пронајдете не на следниве мрежи: