МАКЕДОНСКИТЕ АМБАСАДОРИ ВО САД, ВАШИНГТОН НИ ГИ ВРАЌА КАКО МИНИСТРИ

Македонските амбасадори во САД, Вашингтон ни ги враќа како  министри Пишува Тодор ПЕТРОВКако да стана правило, македонските амбасадори во САД, Вашингтон ни ги враќа како министри во Владата на Македонија. Зоран Јолески стана министер за одбрана во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а Никола Димитров министер за надворешни работи во Владата на СДСМ. И двајцата беа преговарачи со Метју Нимиц за промена на името на државата и идентитетот на нацијата. И двајцата во САД беа испратени како македонски амбасадори од ВМРО-ДПМНЕ.Не било до жолтата зграда, туку до Калето… Народот е само орнамент во фолклорот на демократијата.Впрочем, ништо ново, тоа е веќе пракса од порано. Љубчо Георгиевски и Арбен Џафери не беа во САД во 1998 година да се радуваат на Дизниленд, туку заради коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ со ДПА. Радмила Шеќеринска и Али Ахмети не беа во САД во 2002 година да снимаат филм во Холивуд, туку заради коалиција меѓу СДСМ со ДУИ.”Апстиненцијата” на референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа во 2004 година, Калето ја награди со Влада… Ама, ги “изгубивме” Струга, Кичево… Скопје… Кога ЦИА местела избори низ цела Западна Европа, мака ли е да се справи со Македонија…После враќањето од Македонија во Вашингтон, Хојт Брајан Ји на 18 мај 2017 година во Стејт Департментот се сретна со Никола Димитров. Епилогот е: Амбасадорот на Македонија во САД од ВМРО-ДПМНЕ Никола Димитров ќе биде новиот министер за надворешни на Македонија во Владата на СДСМ… Е, тоа е благодарноста кон ВМРО-ДПМНЕ, затоа што и татко му Димитар Димитров беше македонски амбасадор во Москва од ВМРО-ДПМНЕ, ама од Љубчо Герогиевски, не од Никола Груевски… Никола Димитров демонстрираше против Владата на Никола Груевски во Холандија, активен беше со шарената револуција во Македонија…На последните претседателски избори во САД, надвор од режија на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, на претседателската номинација на Хилари Клинтон, беше Зоран Јолевски, приватно… И Никола Димитров е во мрежата на Џес Бејли и Хојт Брајан Ји, остатоци од администрацијата на Барак Обама и Џорџ Сорос… И СДСМ и ДУИ навиваа за демократот Хилари Клинтон, победи републиканецот Доналд Трамп, ама Џес Бејли и Хојт Брајан Ји на власт во Македонија ги донесоа пулените на Џорџ Сорос.Е така е, кога ВМРО-ДПМНЕ владее, конвертитите се на сцена, а Македонците на улица… И пак не им иде умот… Да живее, Македонија!Пишува Тодор ПЕТРОВКако да стана правило, македонските амбасадори во САД, Вашингтон ни ги враќа како министри во Владата на Македонија. Зоран

Пронајдете не на следниве мрежи: