Македонските млади ракометарки останаа без медал на ЕП

Репрезентацијата на Македонија заврши како четвртопласирана на Европско кадетското првенство за ракометарки до 17 години што се одржа во Скопје.Нашите ракометни надежи не успеаја да го крунисаат со медал добриот настап на шампионатот, откако во дуелот за бронзениот медал беа поразени од Бугарија со 25-30 полувреме 10-13.
Најефикасна ракометарка во нашиот состав беше Марија Тасевска со седум гола, а ја следеше Мила Трајковиќ со шест гола.
На Европското првенство во Скопје, Македонија до 17 години заврши на четвртото место, со победи над Грција, Швајцарија и Фарски Острови, а загуби од Полска и Бугарија.
Првото место го освои Словенија која во финалето со 31-30 ја победи селекцијата на Полска.Нашите ракометни надежи не успеаја да го крунисаат со медал добриот настап на шампионатот, откако во дуелот за бронзениот медал беа поразени од Буг

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.