Македонската репрезентација до 19 години (генерација 1997 година), со 1:0 ја победи репрезентацијата на Кипар на вториот контролен натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“.Петар Петковски во 21. минута го постигна голот кој им ја донесе победата на македонските фудбалери. Кипар не искористи одлична шанса за израмнување во второто полувреме.
-Задоволен сум од победата, односот и залагањето на играчите. Постоеше голема разлика во однос на првиот натпревар посебно во офанзивниот дел од играта. Бевме опасни, создававме шанси и тоа треба да не радува. Оваа генерација е добар пат да оствари позитивни резултати и на важните квалификациски натпревари. Ни преостанува да работиме и преку контролни натпревари да ја бараме формата, изјави селекторот на репрезентацијата Горан Станиќ.
На првиот дуел меѓу двете селекции Кипар славеше со минимални 1:0.Петар Петковски во 21. минута го постигна голот кој им ја донесе победата на македонските фудбалери. Кипар не искористи одлична шанса за израмнувањ