Под покровителство на Македонската таеквондо федерација, изминатиов викенд повеќе клубови од Македонија земаа учество на меѓународниот турнир Милениум ОПЕН во Вршац- Србија.На турнирот учествуваа над 500 натпреварувачи од регионот. Македонските клубови освоија вкупно 19 медали од кои 15 во А класа. Од нив две златни, три сребрени и 10 бронзи во А класа и две злата и две бронзи во Б класа. Златото на Дејан Георгиевски беше очекувано како резултат на континуирано добрата натпреварувачка сезона, но и прогласувањето на Ненад Мирчовски кој беше прогласен на јандобар кадет на турнирот.
Директорот Спасески им честиташе на успехот особено на најмалите, осумгодишни медалисти и порача дека очекува ваков резултат и на репрезентативен план.
Имено, тој се информираше за следните планови на федерацијата, за натпреварите што следат, а посебен акцент беше ставен на најавениот меѓународен турнир во Скопје, прв од овој вид кој се најавува за јуни годинава. Следува кадетското во Франција во Јули, Европското јуниорско во Октомври, но најпрвин се најави учеството на Хереа ОПЕН во Бугарија викендов што следува, кој е најсилен турнир во категорија-млади.На турнирот учествуваа над 500 натпреварувачи од регионот. Македонските клубови освоија вкупно 19 медали од кои 15 во А класа. Од нив две златни, т