Само Уставниот суд на Хрватска може да донесе решение дали некој акт, па и пресуда, се уставни или не, Европската комисија нема право внатрешните правни акти да бара да бидат оценети од Европскиот суд додека за тоа не се изјаснат хрватските судови, пишува Дневник.Во спротивно, Брисел го гази хрватскиот правен поредок. Ова е накусо содржината на писмото што вчера до хрватските медиуми го испрати Радован Доброниќ, судија во Стопанскиот суд во Загреб, кој донесе одлука против неколку банки од ЕУ и самоиницијативно им ги конвертираа кредитите на хрватските државјани во евра. Поради ова, Европската комисија преку свои одлуки во Европскиот суд прави притисок на Уставниот суд во Хрватска да ги укине пресудата и законот на кои таа се темели. Писмото експресно беше објавено со назнака дека ЕУ го гази домашниот правен поредок.
Не може да се негира домашен правен поредок
Доброниќ вели дека ваквото однесување на Брисел е недозволиво, ниту правно издржано и особено критикува што ЕK се обидува тоа да го направи со притисок во време на смена на власта. И Македонија деновиве се соочува со притисок на Европската комисија за одлука на Уставниот суд за специјалното јавно обвинителство на Kатица Јанева, а уште повеќе е дел и од лобирањето на специјално судско одделение, па заедно со американската амбасада неофицијалните информации се дека нејзини претставници се тргнати во поход по правење листа на подобни и неподобни судии кои би работеле на предметите на СЈО. Иако се работи за директна интервенција во судскиот систем од странски авторитети, ретко кој македонски судија би ја имал смелоста на хрватскиот судија Доброниќ, кој инаку доаѓа од држава која веќе е членка на ЕУ и со тоа пренела дел од својот суверенитет на Брисел и во делот на правниот поредок.
– Во врска со конверзијата на кредитите во евра, Европската комисија не смееше да поведе постапка против Хрватска и притоа да ги занемари досега донесените пресуди, како и уставно-судската постапка што се води, посебно не во време на смена на власта. Институција што се повикува на владеење на правото не може да ги негира пресудите и постапката пред Уставниот суд бидејќи во спротивно го негира хрватскиот правен поредок – пишува судијата од загрепскиот Стопански суд, кој ја донел првостепената пресуда за предметот „Kонверзија во франци“.
Се работи за случај поврзан со осум банки од ЕУ што работат во Хрватска, а кои ја тужеа Хрватска поради Законот за конверзијата, со кој тие изгубија дел од своите профити поради конверзијата франк – евро по растот на франкот. Банките го изгубија случајот токму од судијата Доброниќ, кој вели дека хрватската влада т.е. собранието имало право да донесе ваков закон за да го заштити своето население – околу 10 проценти – и кои имале договори со банките што немале право самоиницијативно да им конвертираат кредитите во евра.
Во меѓувреме законот и пресудата се најдоа пред проверка на нивната уставност пред хрватскиот Уставен суд. Европската комисија по инцијатива на банките, пак, политички и со одлука на Европскиот суд дека се работи за пресуда која не е усогласена со европското право се обидува да издејствува хрватскиот суд да ја укине хрватската пресуда.
– Прво на што треба да се посвети внимание е дека Европската комисија го изложува своето правно мислење за усогласеноста на донесениот закон за конверзија со правото на ЕУ пред одлуката на Уставниот суд на Хрватска, кој доби иницијатива од неколку комерцијални банки што работат во државата. Уставниот суд на Хрватска одлучува за уставноста на тој закон, што значи дека постапката е во тек и оттука не е јасно дали ЕK со својата оценка за усогласеност на законот со правото на ЕУ не знае за овој факт или свесно постапува на овој начин, со што недвосмислено, макар и индиректно, се меша во постапката пред Уставниот суд на Република Хрватска и тоа на начин што тешко може да се оцени како прифатлив од аспект на самото право на ЕУ. Дополнително, за тоа има уште помалку потреба бидејќи и самиот Уставен суд ќе води сметка за тоа по службена должност – вели Доброниќ во писмото во кое го штити домашниот правен поредок од бриселското влијание.
Последици врз 400.000 граѓани
Тој понатаму ја образложува својата одлука ставајќи го јавниот и националниот интерес пред интересот на банките од ЕУ и влијанието на Европската комисија.
– Се работи за 60 до 100 илјади потрошувачки договори со банките и со оглед на тоа дека најчесто се работи за договори склучени со лица што се дел од семејства може да се заклучи дека ваквиот проблем правно или финансиски директно се одразува на речиси 300-400 илјади хрватски државјани. Ако тргнеме од тоа дека едно просечно семејство има по три/четири члена, а бидејќи во Хрватска живеат повеќе од 4,5 милиони луѓе, може да се заклучи дека речиси 10 отсто од населението ги чувствуваат последиците од незаконското работење на комерцијалните банки… Во оваа насока се поставува прашањето дали која било влада, вклучувајќи ја и таа во Хрватска, треба во таква ситуација да се стави на пасивно набљудување на судбината на 10 отсто од населението или, пак, која било разумна, демократски избрана влада има правна, социјална и морална обврска да преземе нешто во таква ситуација – пишува хрватскиот судија.
ДневникВо спротивно, Брисел го гази хрватскиот правен поредок. Ова е накусо содржината на писмото што вчера до хрватските медиуми го испрати Радован Добро