среда, 25 ноември 2026
Најново

Македонските транспортери бараат меѓународните асоцијации да превземат акции за брзо деблокирање на граничните премини

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ бара меѓународните транспортни асоцијации да преземат итни акции и постапки кај надлежните влади за брзо деблокирање на граничните премини помеѓу Грција и Македонија.Во обраќања до Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ, Унијата на асоцијации за патен транспорт во Црноморскиот економски регион БСЕЦ-УРТА и до грчката транспортна асоцијација ОФАЕ, СИЗ „Македонија сообраќај“ наведува дека со блокадите на грчко-македонските гранични премини и на патниот сообраќај меѓу двете земји веќе 10. ден им се нанесуваат огромни и ненадоместиви штети на патните транспортери од Македонија и од регионот, како и на компаниите корисници на нивните услуги.
Емил Милев, управител на СИЗ Македонија сообраќај –АМЕРИТ  во обраќањето апелира да се почитува ТИР Конвенцијата  и другите меѓународни договори за транзит и слободно движење на стоките. Во случај на опструкција на меѓународен коридор (Коридорот 10,  од Атина  до Салцбург), нагласува Милев, меѓународната обврска е да се обезбеди премостување на протокот на стоки.
Од СИЗ „Македонија сообраќај“ АМЕРИТ укажуваат дека имаат разбирање за социјалните прилики и проблеми во Грција, но оти поради блокадите на грчките фармери на граничниот премин Евзони огромни колони од камиони чекаат на границата со денови.
– Блокадата на граничниот премин Бородица – Евзони е огромен удар за економиите во регионот и особено за меѓународната трговијата и транспорт. Компаниите трпат огромни загуби со доцнењето на испораката на стоки, извозот на готови производи и увозот на суровини. Иако бизнис заедницата бара алтернативи решенија – пренасочување до другите гранични премини, сепак постои ограничување и доцнења, што носат нови загуби, стои во обраќањето.
Во него се укажува и на одлуката на македонската Влада со која се  овозможи транзит на нафтени деривати и на премините Дојран и Меџитлија, како алтернативни премини, кои може да бидат користени од транспортерите.
– Нашите препораки до транспортерите и наши членки е да ги користат алтернативните премини, на кои од македонска страна се направени сите услови за непречено одвивање на сообраќајот. АМЕРИТ будно ја следи ситуацијата, и редовно ќе продолжи да дава насоки и информации. Со штрајковите не трпат само македонскиот транспорт и економија, туку и економијата во регионот на Балканот, и воопшто европската економија., наведуваат од „Македонија сообраќај“.Во обраќања до Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ, Унијата на асоцијации за патен транспорт во Црноморскиот економски регион БСЕЦ-У

Поврзани вести