Македонските Волци, специјалци за гордост

Припадниците на баталјонот ја вршат највисоката индивидуална и заедничка човечка цел, одбрана на секоја педа од територијата на Република Македонија.-За ова мускулите не се пресудни, тие доаѓаат сами по себе. Овде се бараат интелигентни, ментално цврсти луѓе, кои знаат да донесат вистинска одлука во вистинскиот момент. Со опрема тешка над 20 килограми,  без никаков проблем трчаат десетици километри, прават стотина склекови, скокаат од хеликоптер, нуркаат со полна борбена опрема. Во очите на овие луѓе се гледа натчовечки умор, пишува Алфа.
Алфа ја имаше таа можност да направи обиколка низ скромната база на Баталјонот за специјални намени, (БСН) каде се обучуваат првокласните армиски специјалци.
-Луѓе од народот, обични но со големо срце, херои, храбри, правични бранители на Република Македонија – вели Сашко Лафчиски, командант на Баталјон за специјални намени за Алфа телевизија.
Овие зборови на Лафчиски стојат испишани на спомен плочата поставена на влезот од базата. Аманетот на нивните браќа, загинати во Вејце се секојдневен потсетник за идеалите за кои се залагаат Волците. Припадниците на баталјонот ја вршат највисоката индивидуална и заедничка човечка цел, одбрана на секоја педа од територијата на Република Македонија.
Нивна задача е да го штитат животот на другите, да бидат храбри и мирни кога тоа е потребно, но секое утро одново и одново да прифаќаат дека во секој момент се подготвени да загинат за својата земја.
Припадник на Баталјонот, не може да стане секој. Физичката способност и истрајност не е единственото нешто што може да ве направи специјалец Волк. Што е специјалистичка, специјализирачка обука, тестирања за колективно и индивидуално дејствување, се чува во најсторга тајност. Ги бираме само најдобрите, дециден е командант на Баталјонот.
-Тимовите во БСН, се специјализираат и за борба против тероризмот, за неконвенционално војување, воено асистирање, воено разузнавање, специјално извидување, се специјализираат за мисии од доменот на снајперските мисии, вели Лафчиски,командант на БСН.
Високообучениот специјалец Волк не е готов производ тој не се создава по шаблон и одеднаш, па оттука и кога се зборува за нивната специјалност, најмалку станува збор само за алпинисти, нуркачи, падобрански тимови, нивниот спектар на специјалности е многу поголем. Дејствувањето на Волците е познато и надвор од границите на Македонија. Баталјонот уште пред 14 години беше предводник на мировните мисии во Ирак и Авганистан.
-Учеството во мировните мисии започна далечната 2003 година кога контингент предводен од БСН, зема учество во мисијата Слобода за Ирак, како дел од коалицијата за борба против тероризмот, дел од припадниците беа дел од мисијата „Феникс“ во Авганистан каде што припадниците од БСН вршеа обезбедување на високи воени раководители во главната команда на НАТО силите во Кабул, – вели командантот Лафчиски.
За успешно реализираните задачи во минатото, баталјонот има Орден за заслуги, највисоко воено одликување, од врховниот командант Ѓорге Иванов. Овој медал го има челното место во собата на армиските специјалци, каде се чуваат спомените, сите поврзани со нивната непоколебливост за одбрана на македонскиот народ и држава.-За ова мускулите не се пресудни, тие доаѓаат сами по себе. Овде се бараат интелигентни, ментално цврсти луѓе, кои знаат да донесат вистинска одлук

Пронајдете не на следниве мрежи: