Македонско-британска воена вечера во Дојран

Офицери и подофицери на Британската војска заедно со припадници на Македонската армија синоќа имаа вечера на падините во околината на Дојран низ кои во текот на Правата светска војна минувал Македонскиот фронт.Групата од 85 офицери и подофицери припадници на британската 104. бригада за логистичка поддршка се на студиска тура за Дојранскиот фронт (1915-1918), која опфаќа посета на некогашни воени позии од двете страни на македонско-грчката граница каде се протегал Македонскиот фронт.

Командантот на британската 104. бригада за логистичка поддршка бригадниот генерал Сајмон Хачингс истакна дека оваа посета за нив е важна не само од историски аспект, туку дава можност да се научат лекции кои се релеванти и денес за начинот на борбеното дејствување.
Тој се осврна и на соработката со Македонската армија во рамки на меѓународни мировни мисии.
– Армијата на Македонија е добар пријател на Британската војска. Ние имаме служено заедно во Партнерството за мир во 2008 година и во Авганистан во Кабул како дел од ИСАФ мисијата. Еден од моите команди офицери имаше македонска пешадиска единица во Командата во Кабул во 2010 година и знам дека ние имаме многу добра соработка. Јазикот воопшто не е пречка, а постојат и процедури и техника кои се општи и ги споделуваме. И денеска имавме одлична логистичка поддршка од македонската логистичка единица која ни помогне во транспортот до ова место. Опремата е слична на онаа која ние ја користиме во службата и затоа многу лесно е оперативно да делуваме заедно со македонска армија, вели Хачинс.
Тој вели не може да коментира за политичкиот аспект во однос на скорото членство на Македонија во НАТО.
– Сметам дека има синергија во начинот на кој воено дејствуваме заедно. Во однос на политичките аспекти за членството во НАТО не можам да коментирам, но во однос на тоа како работиме заедно на терен на тактичко-оперативно ниво секако дека можеме да соработиме рамо до рамо, вели британскиот генерал. 
На вечерата на ова историско место на Дојранскиот сектор од Македонскиот фронт од ПСВ, присуствуваше и заменикот командант на Здружената оперативна команда на АРМ бригадниот генерал Павле Арсовски.
– Имаме прилика денеска како припадници на АРМ да се дружиме со нашите колеги од Британската армија од 104. Бригада за логистичка поддршка. Ова е уникатна можност на 100-годишнината од тие страшни случувања кога две големи армии од над милион војници војувале на просторот на територијата на Македонија. Ќе ја искористиме оваа можност да се запознаеме подобро. Британските војници се всушност домаќини на оваа вечера во традиционален британски офицерски стил. Ќе го поминеме времето заедно, ќе склучиме нови пријателства и ќе отвориме полиња за некоја идна соработка, рече генерал Арсовски.
Британските и македонските војници ги поздрави и британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет.
– Имаме многу уникатна прилика за соработка. Имаме од Британија полк за услуги кој ја организира вечерата. Ова е многу добра илустрација за соработката не само меѓу двете армии која е многу важна, туку и меѓу нашите две земји. За нас во Британија периодот од 2014 до 2018 година е многу важен бидејќи имавме, имаме и ќе имаме цела низа прилики за одбележување на борбите од ПСВ. Во Дојран имаме многу важно одбележување на голема и ужасна борба од 1918 година. За две години се надеваме ќе имаме голем настан за одбележување на борбите кои се воделе тука, рече амбасадорот Гарет.
Според градоначалникот на Дојран, Борче Стамов, денешната посета на британските војници на фронтовската линија е дел од годинашното одбележување 100 години од разрушувањето на Дојран за време на ПСВ, но и од нивните активности за промоција на воениот туризам како нова можност за посета на општината.
– Веќе неколку години имаме најмалку две тури годишно од Лондон во организација на Империјалниот воен музеј. Со нивна помош организираме групи од по 30 до 40 посетители, една во мај и една во септември. Покрај британските, и бугарски туристи пројавуваат интерес за овој вид туризам и се надеваме дека начинот на кој се промовира ќе покаже поголем интерес во иднина, вели Стамов.
Присутните на вечерата можеа да видат и експонати од музејската збирка од Воениот музеј на Македонија. Како што информира дикеторот на овој музеј Александар Стојчев, дел од експонатите се донација од Британското Здружение за Солунскиот фронт. Студиската тура ја органира историчарот Алан Вејкфилд, кој е претседател на ова британско здружение како и на Имеријалниот воен музеј во Лондон.Групата од 85 офицери и подофицери припадници на британската 104. бригада за логистичка поддршка се на студиска тура за Дојранскиот фронт (1915-191

Пронајдете не на следниве мрежи: