Македонско „Ол-стар“ финале на ТАКСИРАТ 18!

За заокружување на годинашното издание, ТАКСИРАТ ја претставува главната вечер на фестивалот, како „Ол стар“ вечер со дел од најголемите македонски музички имиња во живо!Во знак на одбележување на 18 години од фестивалот и во непопуларно време за македонската музика која се соочува со тешки предизвици, ТАКСИРАТ со огромно задоволство, на големата бина во Метрополис Арена ќе ги претстави легендарните македонски музички уметници кои ги поставија темелите во музичкиот развој за сите следни генерации кај нас, со остварувања кои ги надминаа границите на земјава! Фестивалското финале кое ќе се одржи на 9-ти декември (петок), ќе се памти по специјалните настапи на македонските хедлајнери, кои публиката на ТАКСИРАТ прв пат ќе има прилика да ги види и чуе сите заедно на иста сцена, во иста вечер: АРХАНГЕЛ – легендарната рок група која со своите безвременски хитови, како никој друг, постигна култен статус не само кај нас, туку ширум цела поранешна Југославија; КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ – најголемиот македонски електронски артист кој со своите настапи веќе со години ја воодушевува Европа, а кој на ТАКСИРАТ ќе настапи заедно и со извонредната американска артистка ТК Вондер; САНАТОРИУМ – најзначајната македонска треш метал група која на гостински терен се запиша како домаќин на легендите на светската метал сцена Soulfly, Motorhead, Slayer и други; ФОЛТИН – една од најуникатните групи во современата музичка историја на Македонија која годинава одбележува 20 години постоење и ЧИСТА ОКОЛИНА – рап-пионерите кои веќе 20 години уживаат култен статус кај целата андерграунд публика во Македонија, а без кои оваа вечер не би била комплетна! На Таксират: Македонски звучи супер! И има нешто особено вредно во овој концепт на главната ТАКСИРАТ вечер. Од местото каде што сѐ започна, од почетокот на целата Таксират приказна, со која 18 години продолжуваме понатаму и која сѐ уште трае. Главната вечер на ТАКСИРАТ 18 е за една генерација која ги одбележа првите години на фестивалот и која е најзаслужна за неговото реноме, па сѐ до врсниците на фестивалот и генерациите кои буквално пораснаа со Таксират; за звукот на Скопје во 90-тите, за неверојатниот дух на градот кој прерасна во урбана легенда благодарение токму на екстремно креативниот растеж кој тогаш се случи на музичката сцена и за најголемите легенди од последните страници на музичката антологија на Македонија; за градот и сцената за кои велат дека веќе ги нема и за луѓето кои сѐ уште ја градат музичката сцена; за оние кои ги препознаа слободата, љубовта и безрезервното другарство уште од почетоците на ТАКСИРАТ, но и за оние кои можеби прв пат ќе чујат како тоа македонски (сѐ уште) звучи супер на Таксират. А ништо не е случајно. ТАКСИРАТ веќе 18 години активно ја промовира современата и алтернативна македонска музичка сцена. Имено, пред публиката на ТАКСИРАТ досега настапиле повеќе од 450 македонски музичари, а речиси и да нема издание на Таксират во кое дел од овие изведувачи не ја предводат главната вечер. Првите, СУПЕР-ПРОМОТИВНИ БИЛЕТИ за главната вечер на ТАКСИРАТ ќе бидат пуштени во продажба во петок (14-ти октомври), со цена од 500 денари, која е 40% пониска од полната цена и ќе важи само за ОГРАНИЧЕН БРОЈ на билети. Покрај овие, достапни ќе бидат и галерија-билетите по цена од 1000 денари, за сите оние кои главната вечер ќе сакаат да ја проследат од галеријата на Метрополис Арена. Билетите ќе бидат достапни преку продажната мрежа на МКтикетс и онлајн. Овогодинешниот концепт на ТАКСИРАТ фестивал пак, покрај главната вечер ќе ни претстави повеќе ексклузивни настани во чии рамки влегуваат и големите светски изведувачи. Отворањето на фестивалот ќе го одбележи пионерот на електронската музика ЖАН-МИШЕЛ ЖАР со спектакуларно аудио-визуелно шоу што ќе се одржи на 13-ти ноември во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. На 25-ти ноември, со концерт во МКЦ доаѓа славното дуо Скај и Рос од МОРЧИБА, додека пак следниот ден е резервиран за годинашното издание на ЛУЗЕР ФЕСТ. Во рамки на ТАКСИРАТ, ексклузивно гостува најпопуларниот Бродвејски мјузикл МОНТИ ПАЈТОН СПАМАЛОТ кој на 27-ми ноември во МОБ премиерно кај нас ќе го изведе српскиот ансамбл со извонредна актерска екипа. На 2-ри декември Таксират повторно е во МКЦ и тоа со славеничкиот концерт на СМАТ за 20 години постоење на бендот, додека пак на 3-ти декември нѐ очекува и концертот на легендарната американска арт-рок група ТАКСИДОМУН. Но и тоа не е сѐ! Покрај досега најавените, во рамки на ТАКСИРАТ нѐ очекуваат уште многу настани и изненадувања кои наскоро ќе бидат откриени.Во знак на одбележување на 18 години од фестивалот и во непопуларно време за македонската музика која се соочува со тешки предизвици, ТАКСИРАТ со о

Пронајдете не на следниве мрежи: