Од помодарство си патиме.„Се нема, се нема, еве едното дете на факултет, еве и другово за две години ќе стигне за на факултет, не знаеме кај ќе ни биде крајот, се нема, безпарица е…“ а едното дете има Ајфон 5ка, а тоа другото, помалото има Ајфон 3ка и по цел ден се лигави за да му купат Самсунг Галакси ЕС 4, оти цело друштво имале јаки телефони, само тоа било дискриминирано. Боже!
А за што служи таквиот тип, супертип на телефони? За кога ќе седнеш на кафе да го извадиш на маса. И одма на масата паѓа дискусија за тоа кој телефон е подобар, дали Ајфонот 5ка или Самсунгот Галакси ЕС 4. Порачува едно еспресо, или макијато, го лигави саат и пол и манијачи „јаки риби“ по Фејсбук и му лупа лајкови од Ајфонот. Ако е девојче во прашање, не лупа толку лајкови, само манијачи и го врти Ајфонот или Самсунгот низ раце, секогаш добро искомбиниран со шарените нокти. А со кафето што бидна, нели на кафе седнавте?
А за што служат тие супертелефони? За Фејсбук, чат пат за Твитер, машките проверуваат утакмици, а девојките хороскоп, секакви „најпотрбни„ апликации и слично. Можеби и за меил, ако си нешто поделовна фаца.
Се поставува прашањето, зошто некој што се жали дека е немаштија, на детето му купува телефон од 500 евра, а детето со тој телефон ги обавува истите операции што би ги обавувал со едно најевтино смартфонче од 50 евра.
Одма тука следува образложение дека овие супертелефониве се позгодни за работа, многу побрзи, имаат поголема меморија, „вријаат“ од пиксели, за разлика од овие „каначкиве“ од 50 евра и сл.
Биле побрзи?… а тебе за што ти служи телефонот, за дизајнирање, за програмирање, за одржување на сервери? Или има подобри пиксели па кога ќе се фотографираш и фотографијата ќе ја прикачиш на Фејсбук повеќе лајкови ќе собереш, оти од овие евтиниве телефони сликите не се ценат, нема пиксели, нема лајкови. За изгледот кажавме, кога ќе бапнеш Ајфонка на маса, таа зборува за тебе, ти комотно можеш да си молчиш.
Тој 5ката Ајфон, или тој Самсунгот Галакси ЕС 4, да не го запоставиме него во текстов, не е важно дали има контакти во именикот и не важно дали има уште 13 денари кредит, важно е да го тупнеш на маса, или ако си девојче, нежно да го оставиш на маса, а „успут“ мора да бидат и забележани ноктите. Најчесто овие телефони се на претплата и младите одбегнуваат да ѕвонат од нив, бидејќи на сите им е страв да ѕвонат многу да не го надминат лимитот, па од дома да има забранат 2 недели да го користат супертелефонот. Иако, во последно време нашите оператори нудат многу добри понуди, па младите малку побезгрижно можат да заспиваат со телефонот в раце.
Ви-Фи во кафуле? Мислам збор да нема за тоа, џабе си седнал на кафе, ако нема интернет, не ти се троши 3 џито, ако го надминеш лимитот, после скап е интернетот, нели. Вака, Ви-Фи на гага и тагнувај се од кај сакаш, манијачи колку сакаш и нормално, немора да правиш муабет со тие што си седнал на кафе, Ајфоните и Самсунзите прават муабет наместо луѓето.
Моќна ствар, навистина. Седнуваш со „рибата“ и одма можеш да и даунлодираш апликација за каква сака ситуација. Кога си со другарите, додека да трепнете имаш „секси тетки“ на екран, збор да нема.
И стварно не ми е јасно, зошто кога е безпарица се даваат толку пари за телефоништа. Ами дете од 14 години го личи со Ајфон, а без велосипед? Ако си информатичар ќе си работиш од лап топ, ако не си, најобичните „потреби“ за на кафе, можеш да ги обавуваш преку евтино телефонче со Андроид.
И кој е сега виновен? Родителите а? Или друштвото? Или…?
Порано децата расте со суперхерои, сега растат со супертелефони.
На запад сите „вријаат“ од технологија, ама тие купуваат телефон од 500 евра на 2000, 3000, 4000 евра плата, а не на 300 евра, плата да си купиш телефон од 500 евра, попрецизно, да им купиш на децата.
Во последно време гледам по кафичиве „фрчат“ и таблети. Супертелефонче, таблетче и нема место келнерот каде да ти го остави кафето, а и што ќе ти го остава, секако не си дојден за кафе.
Од помодарството си патиме!
Кога сум кај помодарството во технологијата, од сесрце ќе ја опишам уште ситуацијата кога седнува на кафе еден бизнисмен, или квази-бизнисмен. Тој одбира маса, или најчесто има резервирано, или некој пред него одбрал маса и пред да седне, од џеб го вади паричникот, така надуен од банкноти, врз него го става едниот телефон со број од „One“, па другиот телефон со број од „Vip“ па службениот телефон со број од „T-mobile“ и на крај на маса го става клучот од автомобилот, како симбол, оти физички е невозможно на маса да го качи автомобилот.
Г. Ангелески„Се нема, се нема, еве едното дете на факултет, еве и другово за две години ќе стигне за на факултет, не знаеме кај ќе ни биде крајот, се нем