Во сабота /28.03.2015 година/ се одиграа три натпревари од единаесеттото коло од македонската кугларска лига.Екипата на “Макпетрол” со победата на гостински терен над екипата на “18 Август Адинг” и без ниту еден изгубен бод во досегашниот тек на првенството, и ОФИЦИЈАЛНО ЈА ОДБРАНИ ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА ВО ПРВАТА МАКЕДОНСКА КУГЛАРСКА ЛИГА. Овој натпревар за врши со резултат 2:6, со резултат на вкупно соборени дрва од 3060 наспроти 3279.
Макпетрол рутинирано дојде до победата, каде во нејзините редови со својата игра се истакна Александар Соколовски со резултат од 580 соборени дрва.
Во дербито на 11-то коло, во дуел на екипите кои претендираат за вице шампионската позиција, се одигра крајно квалитетен натпревар помеѓу екипите на “Вардар 2014” и ”ГТЦ”, каде домашната екипа извојува победа со резултат од 6:2, со резултат на вкупно соборени дрва од 3584 наспроти 3383.
Исто како и минатото коло, екипата на “Вардар 2014” го собори рекордот на најмногу соборени дрва за оваа екипа, а повторно во нивните редови со одлична игра се истакнаа Димитар Димитровски (647 соборени дрва), Бојан Влакевски (633 соборени дрва) и Дане Јакимовски (587 соборени дрва), додека во тимот на “ГТЦ” со одличната игра се истакнаа Ивица Матиќ (604 соборени дрва), Менсур Ајдин (600 соборени дрва) и Лазе Атанасов (583 соборени дрва)
На последниот натпревар одигран во саботата, екипата на “Империјал Тобако” ја совлада екипата на “Хераклеа” со резултат 6:2, со резултат на вкупно соборени дрва од 2995 наспроти 2449.
Последниот натпревар од 11-то коло помеѓу екипите на “Работнички” и “Македонија” ќе се одигра во вторник (31.03.2015 година) во кугланата “Мусандра” во ГТЦ, со почеток во 17 часот.
Екипата на “Макпетрол” со победата на гостински терен над екипата на “18 Август Адинг” и без ниту еден изгубен бод во досег