Вчера /21.11.2014 година, сабота/ шампионот на Македонија во куглање со пораз ја започна овогодинешната кампања во Лигата на шампионите.Во првиот натпревар Макпетрол гостуваше во Белград, Република Србија, каде се сретна со шампионот на Србија – КК “Београд”. Во натпреварот којшто се одигра во спортскиот центар “Вождовац” (Бањица), македонскиот шампион загуби со максимални 0:8 од српскиот шампион, со резултатот по вкупно соборени дрва беше 3.873 наспроти 3.627 и вкупен резултат од 17:7 по сетови.
Натпреварот беше неизвесен само во првиот блок, каде играа Тодоровски и Соколовски против Ковачиќ и Шокац, каде сет поените беа поделени со резултат 2:2, каде за добиените 2 бода од првиот блок одлучија вкупно 7 повеќе соборени дрва. Најдобар поединец на натпреварот беше Горан Остојиќ, освојувачот на бронзениот медал од Светското првенство во поединечно куглање на сениори во Брно, Чешка, кој на натпреварот собори вкупно 676 дрва.
Резултати на играчите:
КК “Београд” КК “Макпетрол”
Горан Остојиќ 676 Мартин Тодоровски 632
Чонгор Барњ 669 Виктор Николовски 621
Милош Симијоновиќ 638 Ибрахим Мемеди 623
Јован Чалиќ 636 Александар Соколовски 615
Игор Ковачиќ 635 Сашо Трпковски 588
Срѓан Сокац 619 Игор Беличански 548
Судија на натпреварот беше интернационалниот судија Драги Штиковац.
Реваншот на овој натпревар е во Скопје и ќе се одигра на 6 декември.Во првиот натпревар Макпетрол гостуваше во Белград, Република Србија, каде се сретна со шампионот на Србија – КК “Београд”. В