МАКПРОГРЕС ОВОЗМОЖИ ЛЕТУВАЊЕ ВО СТРУГА ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

На почетокот на месец јуни 2017 година, Макпрогрес Виница, во соработка Црвениот крст на РМ објави дека започнува низа активности за имплементацијата на различни проекти наменети за поддршка на децата и младите со посебни потреби.Во рамки на проектот “Подобрување на социјализација на деца и млади со посебни потреби” организиран од Црвениот крст, а поддржан од Макпогрес во периодот од 10-ти до 14-ти јули организирано е бесплатно летување за децата со посебни од дневните центри вклучени во проектот.
Летувањето е во центарот “Солферино” во Струга, а во моментов сместени се 13 деца од Дневните центри во Виница, Штип и Куманово заедно со  волонтери и вработени од дневните центри.
Покрај летувањето на децата ќе им биде овозможено во текот на одморот корисно да ги поминат деновите преку меѓусебно дружење, организирани рекреативни и креативни активности.
Целта  на овие активности е подобрување на социјализацијата на децата и младите со посебни потреби, и нивно подобро прифаќање во средината преку креативни работилници, хуманитарни изложби, спорт и рекреација, како и психолошка поддршка и едукација за децата и родителите и лицата што се грижат за нив. Во имплементација на активностите вклучени се и вработени на Макпрогрес, како социјално одговорни волонтери, вработените од  дневните центри во наведените општини и родители на децата.
Макпрогрес оваа донација ја обезбедува како дел од остварениот приход од продажба на својот најпродаван производ на македонскиот пазар, Тортина од Винчини. Макпрогрес практикува општественото одговорно однесување, како неделив дел од своето бизнис постоење. Со поддршката на овој проект, компанијата го потврдува континуитетот во напорите за развој и благосостојба на луѓето во заедницата.Во рамки на проектот “Подобрување на социјализација на деца и млади со посебни потреби” организиран од Црвениот крст, а поддржан од Макпо

Пронајдете не на следниве мрежи: