Макпрогрес Виница, македонска компанија со интернационално портфолио и извоз во повеќе од 55 земји ширум светот, по тринаесетти пат зеде учество на овој саем.Макпрогрес го претстави својот богат асортиман на производи од брендовите Vincinni, Armonia и Natura, а беа изложени и новитетите од Винчини – трислојните тортички Триофино и Премиер, неодоливите вафли со какао и млечен крем.
“Иднината на кондиторските производи започнува на ISM (International Sweets and Biscuits Fair), најголемата и најважна бизнис комуникациска платформа во индустријата. Макпрогрес Виница настојува да биде светски препознаен квалитет застапен на интернационалните пазари. Токму затоа ние не пропуштаме да ги следиме овие големи настани во индустријата. Во октомври го посетивме саемот за храна SIAL во Париз, а сега тимот на Макпрогрес беше во Келн.“ – вели Глигор Цветанов, извршен директор на Макрпрогрес.
Четири дена саемските хали во Келн наликуваа на свет од бајките направен од вкусни слатки и неодоливи грицки. А меѓу посетителите имаше добавувачи, сопственици на фабрики за храна и хипермаркети, консултанти, нутриционисти, технолошки експерти, слаткари и пекари.
“Штандот на Винчини го посетија рекордно голем број на долгогодишни соработници и потенцијални клиенти кои покажаа интерес за понатамошна соработка. Како што реков, ISM 2017 е центарот на кондиторската индустрија. Оттука започнуваат трендовите и тенденциите во индустријата и несомнено, нема подобра можност за интернационално вмрежување и претставување. Овогодинешното претставување на Макпрогрес на саемот донесе многу нови клиенти, меѓу кои компании од Франција, Финска и Либија. “ – дополни Глигор Цветанов.
Учество на ISM 2017 за Макпрогрес, како компанија која се занимава со производство на кондиторски производи е од големо значење. ISM пружа можност за проширување на нови светски пазари и отвора пат за соработка со нови клиенти. Да се биде присутен на еден ваков светски настан е можност за инспирација за иновативни производи, подобрување и напредување во производството, нови перспективи и можности за освојување на нови пазари.
На саемот се претставија 1,650 изложувачи од 68 земји ширум светот, како и 38,500 посетители од приближно 150 земји. Со 86% странски изложувачи, ISM е најголемиот интернационален саемски настан во светот во кондиторската индустрија.Макпрогрес го претстави својот богат асортиман на производи од брендовите Vincinni, Armonia и Natura, а беа изложени и новитети