Домашната прехранбена индустрија Макпрогрес Виница во првите 5 месеци од годината оствари раст на извозот од 5% во споредба со истиот период лани, очекувајќи овој позитивен извозен тренд да продолжи до крајот на годината. Растот се должи на зголеменото портфолио на производи и на сé поголемиот број на земји каде компанијата извезува.„Домашниот пазар е мал за производствените можности, особено на најголемите компании и тие мора да се насочат кон странските пазари. Макпрогрес за три години инвестира 8 милиони евра во нови производствени линии во кои се вработени нови 120 лица. Околу 80% од производството оди на странските пазари или во бројки тоа се околу 19 милиони евра годишен извоз на прехранбени производи кои излегуваат од погоните на нашата фабрика. Извезуваме на приближно 55 пазари и тој број варира во последниве две години“, изјави Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес- Виница.
Нашата држава е поднебје што ги има сите ресурси за производство на квалитетна и здрава храна, во еколошки услови и многу сонце. Затоа и развиените прехранбени индиустрии имаат голем потенцијал за извоз на производи. За македонските компании добри извозни перспективи има единствено ако компанијата го достигне нивото на квалитет, стандарди и конкурентност. Она што е евидентно, се повеке квалитетни домашни производи ги заменуваат увозните, а македонските производители се охрабруваат за настап на странските пазари што допринесува за зголемување на извозот.
Макпрогрес неколку години по ред е компанија позиционирана меѓу најголемите извозници на прехранбени производи од Република Македонија. Најголем дел од извозот на компанијата се пласира на пазарите во Централна и Југоисточна Европа, Западен Балкан, како и Романија, Грција, Чешка и Словачка. Сѐ повеќе расте извозот на германскиот и на италијанскиот пазар, дури и Северна Африка. Особено интересен податок за извозот на Макпрогрес е освојувањето на пазарот на Малдиви со производите на Винчини. Во изминатиов период, компанијата направи серија промотивни активности во главниот град Мале, за запознавање на потрошувачите со вкусот и квалитетот на производите на Винчини. Веќе трета година по ред, Макпрогрес ги зацврстува своите позиции таму, а слатките на Винчини може да се најдат во маркетите, луксузните туристички ресорти и авио компаниите кои оперираат од разни дестинации до Малдиви.
„Продаваме исто и во земјите од МАГРЕБ и на Блискиот исток, каде оди 10% од вкупното производство, само во овој регион. Имаме и два нови пазари, Мароко и Малта, кои очекуваме да се разработат.“ вели Цветанов.
Главен услов за извоз се континуираните инвестиции и исполнување на стандардите. Освојувањето нови пазари бара повеќе време, едуциран кадар, но и средства за истражување на специфичните барања на потрошувачите. Услов за експанзија на извозот на македонските производители од кондиторската индустрија е имплементирање на сите поважни светски стандарди за квалитет: ХАСАП, ИФС, ХАЛАЛ и Кошер, што се задолжителни за одредени пазари, како и специфичните барања на големите трговски синџири. Се разбира, одржување висок квалитет на секоја испорака и исполнување на барањата на странските дистрибутери, вели Цветанов.„Домашниот пазар е мал за производствените можности, особено на најголемите компании и тие мора да се насочат кон странските пазари