СДСМ и неговите медиумски мегафони, како порталот „Мактел“ на Саше Ивановски- Политико повторно го пробиваат дното соочени со тешкиот пораз за опозицијата кој е на повидок на 11-ти декември.Настрана секојдневните пцовки, навреди и вулгарности од таканаречениот новинар кон функционери од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, сдсмовскиот портал повторно посакува смрт и тоа на кралицата на ромската музика, Есма Реџепова.
Откако дел од медиумите објавија дека од вчера Реџепова е во болница во Скопје, каде била примена во тешка состојба, „Мактел“ излезе со нечовечки и скандалозен текст во кој и посакува смрт на Реџепова, бидејќи на тој начин ќе се “заштеделе 1.000 евра месечно“.
-Ајде може стварно имало господ па ќе заштедиме 1000 евра и јаче…, пишува сдсмовскиот портал.
Ваквите нечовечки и некрофилски постапки не се нешто ново за СДСМ, а уште помалку кога во прашање се „Мактел“ и Саше Ивановски – Политико. Неодамна, Ивановски му посакуваше смрт и на актерот Игор Џамбазов.Настрана секојдневните пцовки, навреди и вулгарности од таканаречениот новинар кон функционери од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, сдсмовскиот портал повто