Мала мисица е МОНСТРУОЗНО убиена пред 20 години, а нејзината МОРНИЧАВА смрт и понатаму е МИСТЕРИЈА

Шест годишната Џон Бене Патриша Ремзи  била брутално убиена  во својата куќа во Колорадо во 1996 година. Полицијата го пронашла нејзинотот тело во подрум, осум часа откако било пријавено нејзиното исчезнување. Добила силен удар во главата и била задавена.Овој случај е нерешен веќе скоро 20 години, иако до сега се одржале многу сослушувања и судења. Џон Бене до својата шеста година  веќе понела неколку титули за мис и била позната.
Меѓу осомничените биле нејзините родители и  постариот брат Бурк.
Во  сведочењето на мајката Петси стои дека на 26 декември открила дека нејзината ќерка исчезнала  и тоа дека на скалите  од нивната куќа пронашла долго писмо во кое  киднаперите бараат откуп од 118.000 долари, што била точна цифра која таа година ја заработил нејзиниот сопруг. Иако во писмото било нагласено дека родителите не смеат да ја известат полицијата, службените лица биле повикани и  24 часа по пријавувањето, во подрумот, малата мисица била пронајдена мртва. Таткото го пронашол телото замотано во  бело ќебе. Околу нејзиниот врат  имало најлонска жица, зглобовите ѝ биле врзани над главата, а преку устата имала залепено лента.
Мајката на девојчето во меѓувреме починала од рак.
Обдукцијата покажала дека Џон Бене била задавена и има фрактура на черепот. До ден денес ова морничаво злосторство останало нерешено. Ова се најбизарните детали од оваа мистерија.
Пронаоѓање на телото
Телото на Џон Бене било пронајдено ден после Божиќ, скоро 24 часа по пријавување за исчезнувањето. Многумина се запрашале зошто  родителите не го провериле подрумот пред да ја повикаат полицијата? Полицијата заклучила дека немало знаци на провала,  со што се зголемил сомнежот во родителите.

 
Место на злосторството
Нејасно  е зошто полицијата дозволила местото на злосторството  да биде незаштитено,  па семејството и  пријателите слободно се шетале по куќата откако било откриено злосторството. Полицијата не собрала доволно форензички докази пред и после откривење на телото на девојчето.

Семејството живеело во лош крај
Во  соседството на Ремзиеви тие месеци биле пријавени повеќе од 100 провали. Во крајот  живееле и  38 регистрирани сексуални престапници.
Мајката тврдела дека пронашла писмо со барање за откуп на нејзината ќерка. Иако наводните киднапери напишале дека семејството не треба да ја повика полицијата бидејќи ќерката ќе им биде убиена, само Џон ги следел упатствата. Тој планирал да ги подигне парите од банка и да го плати откупот. Мајката од друга страна не зборувала само со полицијата туку и со семејството, пријателите, соседите.

 
Лажно признание
Дури 10 години по злосторството Џон Марк Кар, учител кој живеел на Тајланд го признал убиството на малата Џон Бене и тогаш открил дека се работело за несреќа која била резултат на „бизарна сексуална средба“. Тој изјавил дека го дрогирал девојчето. Испаднало дека ништо од тоа не се случило. ДНК анализите покажале дека Кар не бил ни близу местото на злосторството, а дрога не била пронајдена во телото на жртвата. Пронајдени се и  фотографии  од Кар на денот на злосторството и тогаш се наоѓал во друга држава.

Братот на жртвата бил осомничен
Таткото Џон во емисија на Барбара Волерс открил дека полицијата не се сомневала само во него и сопругата туку и во   Бурк , кој тогаш имал само 9 години. Родителите се обиделе да го заштитат момчето од обвинението за убиство. Зошто момчето  било обвинето? Џон Бене неколку часа пред убиството јадела ананас. Чинијата со ананасот е пронајдена на масата во кујната и на неа се пронајдени отпечатоци од прстите на Бурк. Родителите тврделе дека Бурк цело време спиел и дека и дека не се сеќаваат дека на децата им дале ананас.Овој случај е нерешен веќе скоро 20 години, иако до сега се одржале многу сослушувања и судења. Џон Бене до својата шеста година  веќе понела

Пронајдете не на следниве мрежи: