Шпанска Малага би можела да направи историски резултат кој би одекнал ширум целиот фудбалски свет, од друга страна Борусија Дортмунд има премногу богата меѓународна историја, што значи дека Германскиот бундеслигаш е на добар пат да токму на овој натпревар се врати на тие не така далечни минати успеси, полу-финале за обата тима би било одличен дострел.
Си земав за право да напишам нешто околу овој дуел од проста причина што сметам дека токму овој натпревар е центарот на сите збиднувања во рамките од четвртфиналето од Лигата на Шампионите.
И двата тима играат прекрасно технички дотеран фудбал што е убав за очи, од друга страна играат и мошне претпазливо во дефанзивната линија што може да донесе фудбал каков што сите посакуваат, но, на тоа мораме сите да гледаме во втор план, бидејќи во прв план на повидок е „тактичка/психолошка војна“ која несомнено ќе биде голем фактор за победникот од овој дуел.
Првиот натпревар беше на некој начин тактичко надмудрување, со мала доза на доминантност на германскиот бундеслигаш, Малага одигра претпазливо со неколку убави шанси за гол, исто како и Борусија Дортмунд која беше многу поопасна кон голот на Вили Кабалеро, голманот на Малага кој беше херој на првиот натпревар, можеби и главен виновник што резултатот од првиот дуел гласеше 0-0.
Која е поентата на овој текст, се надевам дека големите љубители на фудбалот, поточно, оние што редовно ја следат Лигата на Шампионите се сеќаваат на минатогодишната сезона кога силно одекна епскиот успех на кипарски АПОЕЛ, кој заедно со нашиот Иван Тричковски успеа да стигне токму до четвртфиналето, но, на нивна несреќа уште во оваа фаза го добија силниот и неприкосновен Реал Мадрид, кој со вкупен резултат 8-2 беше тотално доминантен во двата дуела.
Но, забележителна е таа игра на целосно исфрлање на играч повеќе на средината од теренот, игра која се практикува со премногу додавања, технички дотеран фудбал, без долги пасови, со спуштена топка на теренот, без топка во висина, што и дава уште посигурна и доминантна улога на таа екипа на терено што ја практикува токму таа игра. Кипарски АПОЕЛ, оние што добро ја следеа минатогодишната Лига на Шампиони ја практикуваше токму оваа игра, Малага исто така и оваа сезона покажува голема сличност со таа игра на АПОЕЛ, само што реално квалитетот е секако на страната на шпанскиот тим, што му дава голема предност во однос на споредбата на АПОЕЛ.
Борусија Дортмунд е премногу внимателна во фазата на трансформацијата во играта. Брзо се трансформираат од офанзива во дефанзива, и обратно, тоа можат да го прават успешно против речиси секој противник. Тоа се докажа и на мечот на домашен терен против Манчестер Сити (2-1), и секако мечот на домашен терен против силниот Реал Мадрид (2-1), две победи против овие силни екипи на домашен терен. Го зимаме во предвид домашниот терен за да видиме колку се тие моќни на својот терен. Психолошкиот притисок можеби да е на страна на германскиот бундеслигаш, но, и тоа може да се вметне под знак прашалник, земајќи во предвид како Малага се спротистави на Барселона и Реал Мадрид во Шпанија.
Да потсетиме, на првиот натпревар, поседот на топката во процентуален резултат гласеше 50-50, на реваншот во Дортмунд се очекува вистинска „тактичко/психолошка војна“, или Јирген Клоп (Борусија Дортмунд) или многу-поискусниот Мануел Пелегрини (Малага) ќе ја понесе победата од овој се надеваме мошне интересен дуел кој претстои вечерва.
Фото: Мартин Демикелис (Малага, лево) / Марио Гоце (Борусија Дортмунд, десно) – UEFA Champions League (Facebook)
Д.П.Шпанска Малага би можела да направи историски резултат кој би одекнал ширум целиот фудбалски свет, од друга страна Бор