Малечката Јана ја бара мајка си: „Пораснав, а мама уште ја нема“

Пејачката на Гранд Јелена Марјановиќ на денешен ден ќе наполнеше 34 години да не беше сурово убиена на 2 април годинава додека трчаше на насипот во Борча.Нејзиниот сопруг денеска ќе го крене споменикот на кој ќе бидат врежани стихови од една песна.
И нему и на мајката на Јелена единствена желба им е полицијата конечно да го уапси убиецот, зашто поминаа пет месеци од свирепото убиство на Јелена.
-Што да ви кажам освен дека секој ден се молам да го уапсат монструмот што ми го уби детето. Само да го погледнам во очи и да го прашам: Зошто!? Да имам некоја моќ, јас сама ќе го најдев. Името на Јелена не смеам да го споменам додека ја чувам внуката Јана. Само наслушнува што зборувам… Леле, секој ден ја бара, а јас молчам…Тешко ми е, претешко –  вели Зораица Крсмановиќ, мајка на убиената Јелена.
И таа онака тешко болна некако собира сили да се грижи за својата внука, единствена што ѝ остана по смртта на Јелена.
-Сега е сѐ во Божји раце. Морам да верувам дека убиецот ќе отиде во затвор додека јас сум жива. Бев вчера во болница да примам инфузија и една сестра ми пријде и ми рече: „Запамтете ги моите зборови – ниедна тајна не влегна в гроб, така нема ни оваа!, додава Зорица.
Истата болка ја носи и сопругот на Јелна. Тој вчера отиде во црква на Голема Богородица за да запали свеќа за својата Јелена.
-Не е лесно да се живее со тоа што со месеци не знам кој ја убил Јелена, ниту поради што. Ете јас уште верувам дека ќе го видам апсењето на убиецот на Јелена. Ништо друго не ми остана освен да го растам детето што ми го роди Јелена. Ќерка ми ми стана смисла на животот, вели Зоран и додава дека на девојчето сѐ уште не му кажал што се случило со неговата мајка.

– Се посоветувавме со стучњаци и секако ќе ѝ кажам, само подоцна кога ќе може да разбере. Сѐ уште е малечка за да разбере. Јас сум тука за да ѝ го направам живото поубав и колку што можам да ја заменам Јелена, вели Зоран.

Според неговите зборови, на споменикот ќе бидат врежани стиховите: „Таман, таман дишевме исто. Ми беше секоја пора од кожата, јас повеќе не можам, сега е на тебе да ја гушнеш Боже..“.
Тие ќе бидат испишани на отворената книга исцртана на надгробната плоча.Нејзиниот сопруг денеска ќе го крене споменикот на кој ќе бидат врежани стихови од една песна.
И нему и на мајката на Јелена единствена жел

Пронајдете не на следниве мрежи: