Maleficient изминатиот викенд ја помина линијата на заработка од 500 милиони долари.Со тоа, овој филм стана најпрофитабилниот филм кој што Анџелина Џоли го снимила во нејзината кариера, надминувајќи го „Господин и госпоѓа Смит“, кој заработи неверојатни 478,2 милиони долари во 2005 година.
Дизниевата бајка се` уште се наоѓа во првите пет најгледани филмови во Северна Америка, со заработка од 186 милиони долари.
Преку морињата, филмот „зема“ уште 44,7 милиони долари од вкупно 54 земји и 20,3 милиони долари од своето деби во Кина. Maleficient заработи 335,6 милиони долари на интернационално и 521,6 милиони долари на светско ниво.
Пазарите со најдобра заработувачка на овој филм се: Мексико (40,4 милиони долари), Русија (34,8 милиони долари), Велика Британија (25,7 милиони долари) и Бразил 24,2 милиони долари.
Филмот ќе има уште една премиера во Јапонија (на 4 јули).Со тоа, овој филм стана најпрофитабилниот филм кој што Анџелина Џоли го снимила во нејзината кариера, надминувајќи го „Господин и госпоѓа Сми