Мали безначајни работи кои не прават безизмерно среќни

Тоа се оние моменти кои вака на прв поглед се мали и безначајни, но во кои навистина уживаме со сите сетила.
1. Моментот кога седите во ресторан многу гладни и го гледате како доаѓа келнерот кон вашата маса, пред дави ја стави чинијата пред вас.2. Силно и гласно смеење до степен останување без глас и воздух.3. Мирисот на свежо искосена трева.4. Менување на каналите додека има реклами, и враќање на програмата баш кога завршиле рекламите.5. Кога батерии се вклучени со производот кој го купуваме.6. Кога пријателите се осигураат дека сте стигнале безбедно дома откако сте ја поминале вечерта заедно.7. Кога имате чувство дека некоја песна била напишана токму според вашиот живот.8. Да цртаме по замаглени стакла на огледалото.9. Кога ќе пронајдеме нешто што сме го загубиле многу одамна.10. Кога ќе сфатите дека се уште го памтите телефонскиот број на првата љубов од детството.11. Да го славиме роденденот на нашите миленичиња иако тие немаат појма што се случува.12. Чувството кога сте на одмор и не знаете кој ден и датум е.13. Да се види заљубена двојка во години…14. Кога сте мртви уморни доцна во ноќта, а имате за учење или работа и гласно се смеете на се и сешто.15. Мултитаскинг додека ги миете забите.16. Ладната страна на перницата.17. Кога некој ќе ти ја даде последната мастика.18. Кога ја ставаме раката надвор од прозорецот на колата за да не дува ветрот.19. Кога ќе те прегрне некој кој одамна не си го видел, а ти значел премногу во животот.20. Кога ќе си легнете во топол дом со саканата личност, во тишина, додека паѓа снег надвор…
Извор: lady.mkТоа се оние моменти кои вака на прв поглед се мали и безначајни, но во кои навистина уживаме со сите сетила.

Пронајдете не на следниве мрежи: