МАЛИ СОВЕТИ за јакнење на вашиот ИМУНИТЕТ!

Некои луѓе секое зимо остануваат сосема здрави. Не заболуваат од грип и настинки, без оглед на тоа што се окружени со луѓе кои боледуваат од грип или настинка. Како тоа им успева? Ви откриваме мали тајни со помош на кои ќе го зајакнете вашиот имунитет и ќе останете здрави цело зимо.Масажа
Голем број истражувања покажуваат дека масажата има поволно влијание на здравјето. Масажата ја намалува анксиозноста, крвниот притисок и го регулира отчукувањето на срцето. Го намалува нивото на ослободување на хормонот на стрес кортизол кој е заслужен за пад на имунитетот.
Било кој вид на масажа има одлично делување, додека тоа го правите со умерен притисок. Нормално дека не се сите во можност да си дозволат професионална масажа, но секогаш може да побарате од партерот или член од семејството малку да ве измасира.
Ладен туш
Експертите истакнуваат дека ладен туш понекогаш го зголемува нивото на енергија, го намалува интензитетот на мигрена, ја подобрува циркулацијата и ја ублажува болката. Научниците докажале и дека ладниот туш го зајакнува имунитетот.
Важно е да не се претерува. Не морате цело време да се туширате со ладна вода, туку тоа направете го последната минута. Посоветувајте се со лекар ако имате проблеми со кардиоваскуларниот систем, бидејќи изненадните промени на температурата може да предизвикаат компликации.
Ѓумбир
Ѓумбирот со столетија се користи за ублажување на разни желудочни тешкотии и проблеми со варењето. Ја поттикнува работата на системот за варење и придонесува за апсорпција на сите хранливи материи кои играат важна улога во јакнењето на имунитетот.
Користете свеж ѓумбир бидејќи има најефикасно делување. Сушен, варен или ѓумбир во прав, исто така има одлични лековити својства, но малку послаби од свежиот ѓумбир. Најдобро нешто што можете да направите за вашиот имунитет е да испиете шолја топол чај со малку ѓумбир.
Мијте ги рацете
Миењето на рацете е најважно ако сакате да го намалите ризикот од настанување на разни болести. Измијте ги сите делови на рацете, вклучувајќи ги дланките, подрачјето помеѓу прстите и исчистете ја сета валканост под ноктите.
Со рацете допирате разни површини, па поради тоа е важно што поскоро да ги измиете да не го допирате лицето со валкани раце, особено подрачјето околу устата и очите.
Витамин Ц
Иако делувањето на витаминот Ц е индивидуално, експертите се согласуваат дека е влијателен за лица кои се често под стрес и истакнуваат дека нема ништо лошо во тоа ако секојдневно внесувате витамин Ц по пат на исхраната.
Со едно истражување се покажало дека 500 мг витамин Ц при првите знаци на грип или настинка има одлично делување и може да го забрза процесот на заздравување.

 
Лук
Богат е со антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и се борат против воспаленија. Лукот е една од најздравите намирници, па освен грипот и настинката го спречува и настанувањето на рак и срцеви заболувања.
Ставила СЕЦКАН ЛУК на ФЛАСТЕР и се излечила од…
Ако сте загрижени поради непријатниот мирис, пробајте да користите лук во прав. Мирисот ќе биде помалку непријатен, а лековитите својства и понатаму ќе бидат одлични.
Три трика кои моментално го убиваат здивот од лук
Црн ким
Капсули црн ким се користат како еден од највредните додатоци во исхраната кои ни служат како помош во јакнење на отпорноста на организмот.
Маслото од црн ким докажано е корисно како помош во регулација и зајакнување на имунолошкиот состав, особено кај алергии, додека витаминот Е со присутна количина делува како силен антиоксиданс со што делувањето на самата капсула е потполнето.
Останете позитивни
Во едно истражување се утврдило дека лицата со позитивен став произведуваат повеќе антитела кои ги бранат од грип. На научниците не им е во целост јасна таа теза, но истакнуваат дека е докажано дека луѓето со позитивен став се поздрави.
Ако вашиот став во повеќето случаи не е позитивен, барем потрудете се да биде што помалку негативен. Дури и ако се разболите, немојте да заземате негативен став, потрудете се што поскоро да заздравите. Масажа
Голем број истражувања покажуваат дека масажата има поволно влијание на здравјето. Масажата ја намалува анксиозност

Пронајдете не на следниве мрежи: