Малите задоволства го прават животот посреќен

Како што рекол Иво Андриќ: „Чудно е колку малку ни треба да бидеме среќни, а уште почудно е како баш тоа малку често ни недостига“. Затоа кога водиме сметка за малите работи, среќата полесно доаѓа, а ако ги занемарувате, не би се чувствувале исполнето. Затоа преземете ги работите во свои раце и уште денес заблескајте во полн сјај.
Излежувајте се додека паѓа дожд
Поминете го целиот ден во своите омилени пижами, покриени со меко ќебенце. Креветот нека биде вашето засолниште за време на врнежливите денови. Далеку од сите луѓе и проблеми, колку и обврски да имате, ова ќе биде лек за вас. Мора да признаете дека ова е вистинско уживање.
Неочекуван комплимент
Кој не сака комплименти? Кога пак ќе ги слушнете неочекувано, уживањето е уште поголемо. Денот може да ви започне меланхолично и досадно, но кога некој ќе ви упати неочекуван комплимент се може да се промени. Ќе се почувствувате задоволни и самоуверени. Но не чекајте секогаш на вас да ви упатат комплимент. Направете го и вие првиот чекор и разубавете нечиј ден.
 
Ненадејна среќа
Да бидеме реални, кој не би сакал да пронајде некоја паричка во џебот? Без разлика дали се работи за 50 или 100 денари, ќе признаете дека на секој од нас му се допаѓа тоа чувство. Нема да станете милионери, но колку толку сте побогати од порано.
Смеење
Освен ако не сте на некое интервју за работа или на некој важен настан каде што премногу смеење може да биде непријатно, дневната доза гласно смеење ќе ве направи среќни и задоволни. Дури и ако не е искрено и од срце, вашиот мозок ќе го регистрира и ќе се чувствувате подобро.
Миризлива постелина
Да лежите во кревет покриен со туку што испрана постелина е едно од малите животни задоволства. Почувствувајте се како да сте на друго место и препуштете му се на мигот.
Контакт со очите
Додека шетате по улица или чекате автобус, фрлете го погледот по минувачите и погледнете ги право во очи. Задржете го погледот неколку секунди и ќе почувствувате милион помешани чувства. Трае кратко, но уживањето дека тоа сте го направиле ќе трае многу подолго.
Интересен подарок
Малото внимание секогаш може пријатно да не изненади и да не направи среќни и задоволни со себеси. Кога добиваме подароци и подаруваме ни помага да научиме да уживаме во малите работи во животот.

Задоволството на сонот
Едно од најубавите чувства е кога ќе го слушнете алармот или ненајдено ќе се разбудите ,а ќе сфатите дека имате уште неколку саати за спиење. Бесценето!
Прегратка
Прегратката е една голема радост во животот. Во тие моменти можете да ги затворите очите, да се исклучите од се и да уживате во љубовта, удобноста и сигурноста на оној кој ве прегрнува.
Нова фризура
Секоја промена на вашата коса или тело ќе ви донесе чувство на самодоверба и ќе се чувствувате убаво во својата кожа.
 
 
 
 
 
 Како што рекол Иво Андриќ: „Чудно е колку малку ни треба да бидеме среќни, а ушт

Пронајдете не на следниве мрежи: