Малку фалело да умре поради тампон, а нејзината борба штотуку почнува: Не можев да се сетам на своите деца!

Џоана Картрајт (27) од Јужен Јокшир поминала осум дена во кома, откако доживеала токсичен шок поради нфекцијата предизвикана од тампон.Пред две години лекарите ја ставиле Џоана во вештачка кома за да и го спасат животот, но не можеле ни да претпостават дека таа нема да може да ги препознае своите три ќерки кога ќе се разбуди.
Таа прво мислела дека има грип, бидејќи симтомите биле слични. Но неколку дена подоцна завршила во болница, а докторите по прегледот утврдиле дека Џоана ја делат само неколку часа од смрт, бидејќи нејзините органи почнале да откажуваат поради инфекција.

За да и го спасат животот ја ставиле во вештачка кома, за нејзиниот организам да може да се избори со агресивната бактерија. Во меѓувреме и се излупиле 8 слоеви кожа, рацете и отекле, значително количество коса и отпаднало и сите нокти. Но успеала да се избори.
Но, кога по 8 дена, конечно се разбудила од кома, докторите ги дочекал уште еден шок. Инфекцијата стигнала до нејзиниот мозок, поради што оваа мајка на три деца имала менингитис. Како резултат на тоа, не можела да се сети на своите деца.

„Кога се разбудив од кома не знаев што се случува и на ништо не се сеќавав. Некој ми даде слика од моите деца, но не знаев кои се тие. Луѓето ми ги покажуваа девојчињата и бараа да ги викнам по име, но јас не можев“, вели Џоана, која во кома паднала точно на својот 25-ти роденден. Кога се разбудила, била опкружена со честитки.

Нејзиното сеќавање било толку лошо што по будењето било толку лошо што не можела да доврши обична реченица – кога ќе дојдела до крајот, заборавала што сака да каже. Затоа закрепнувањето траело долго, но и сега, две години после се, не може да се сети на сите детали од минатото. За среќа, сега ги препознава децата.
„Не се сеќавам на првите чекори на Скарлет, ниту кога почнала да зборува. На сликите гледам одмори на кои не знам дека сум била… Но среќна сум што воопшто се извлеков и што моите девојчиња се уште имаат мајка.Пред две години лекарите ја ставиле Џоана во вештачка кома за да и го спасат животот, но не можеле ни да претпостават дека таа нема да може да ги п

Пронајдете не на следниве мрежи: