Малку поинаков пилешки гулаш!

Малку поинаков гулаш кој сигурно ќе ви се допадне  Состојки:
500 гр пилешко бело месо
една средна главица кромид
половина страк праз
еден поголем морков
зачин за пилешко месо
сол и бибер по вкус
малку црвен пипер
300 мл доматно пире
200 мл вода
3- 4 лажици кечап
масло по потреба
една лажица сушен магдонос
Зеленчукот измијте го и исецкајте го ситно. И месото исто така исецкајте го на парчиња.
Во тенџере во кое ќе готвите, ставете масло. Кога ќе се загрее додадете го кромидот. Кратко пропржете па додадете го празот. Пржете додека не омекнат а потоа додадете го месото и на крај морковот.
Промешајте, па додадете ги зачините и црвениот пипер. Додадете го и пирето од домати, пропржете кратко. Промешајте и на крај додадете вода. Намалете ја температурата на средно и гответе со поуотворен капак.
Повремено промешувајте, доколу има потреба, долевајте уште по малку водаза да не ви загори додека не се свари месото.
На крајот додадете го кечапот и динстајте уште десетина минути, додека не се згусне гулашот.
НаздравјеСостојки:
500 гр пилешко бело месо
една средна главица кромид
половина страк праз
еден поголем мор

Пронајдете не на следниве мрежи: