Малку поинаква верзија на полнети пиперки – подеднакво сочни и вкусниСостојки:
60 гр леб за тост
30 гр путер
80 гр шунка
30 гр кромид
1 домат
150 гр црвени пиперки
200 гр крем сирење
60 мл слатка павлака
1 жолчка
лажичка сечкан магдонос
1 чешне лук
сол, бибер
8 мали зелени пиперки
25 гр пармезан
80 мл супа (коцка)
Подготовка:
1. Исечкајте го тост лебот на коцкички и препечете го на 20гр растопен путер. Исечкајте ја шунката. Младиот кромид исечкајте го на кругови, а доматот на мали коцкички. Црвената пиперка исечете ја на коцкички исто така.
2. Измешајте го сирењето со павлаката и жолчката, па додадете ја шунката, доматот, пиперката, младиот кромид и магдоносот. Исечкајте го лукот и исто така додадете го заедно со коцките леб. Посолете и ставете бибер. Од зелените пиперки отсечете ги рачките, очистете ги од семки и наполнете ги со смесата од сирење.
3. Загрејте ја рерната на 200 степени. Наредете ги пиперките во намастен плех, наросете пармезан и прелијте со преостанатиот растопен путер. Полејте со коцка супа и печете околу 20 минути.
Најдобри рецепти, кулинарски трикови, совети и диети, здрави напитоци и здрава храна, можете да најдете на фан страната на НАЈАДИСЕ.МК или станете член од фејсбук групата на следниот ЛИНКСостојки:
60 гр леб за тост
30 гр путер
80 гр шунка
30 гр кромид
1 домат
150 гр цр