Пред крајот на кампањата, кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски од Приштина ја навредуваше сопствената земја и актуелната влада.На косовскиот универзитет на предавањето за надворешната политика на Македонија и односите со соседните земји тој потенцира дека економски Македонија е најдолу во регионот, наспроти тврдењата на сите релевантни меѓународни институции.
Во Приштина, тогашниот кандидат за претседател на СДСМ Стево Пендаровски ја напаѓа Македонија и нејзината политика што ја води кон Косово и Албанија. Пендаровски за време на предавањето на косовскиот универзитет пред косовската јавност отворено упати низа критики за односот кој Македонија го има кон Косово и исто така ја пофали политиката на Албанија и Косово што ја применуваат кон регионот.
Пендаровски тогаш изјави дека Скопје и Приштина се оддалечени 90 километри, а сепак немаат голема соработка. Понатаму тој додаде дека македонскиот државен врв не презема ништо за да ги подобри односите со соседот. Тој на косовската јавност и порача тие да го направат првиот чекор оти тие имале план.
На предавањето изрази загриженост дека Македонија благодарение на актуелната влада не одела напред. Ова тврдење на Пендаровски е спротивно на сите извештаи на релевантни меѓународни фактори кои Македонија ја сметаат за лидер во регионот во економската сфера. Пендаровски кога македонската влада и претседателот ги потценувале билатералните односи со Косово.
Наспроти тврдењата на Пендаровски, претседателот Ѓорге Иванов во својот мандат имал 21 средба со претседателите на Албанија, а 12 средби со претседателот на Косово.
Кандидатот за претседател предложен од СДСМ, Стево Пендаровски, два дена пред завршетокот на кампањата од вториот круг на претседателските избори, во Косово да одржи предавање за надворешната политика на Македонија. Таму тој се сретна и со косовскиот премиер Хашим Тачи што според аналитичарите беше погрешен потег и со тоа ги навреди сопствените гласачи.На косовскиот универзитет на предавањето за надворешната политика на Македонија и односите со соседните земји тој потенцира дека економски Македони