Српските медиуми денеска пишуваат дека во Врање малолетни девојчиња си го продаваат своето тело за 10 евра и пар фармерки. Како што пишува српскиот Курир, тинејџерката П.Ф. е една од ретките која излегла од канџите на проституцијата со помош на своите родители, па за нив си ја отвара душата и раскажува што се случило.
– „Се запрепастив кога видов со што се занимава. Се дружевме и зафркававме и на училиште и надвор од него, но не секојдневно. Никогаш не сум бил кај неа дома. “Таа вели дека родителите и се лоши, постојано работат а немаат пари и фрижидерот им е празен, вели нејзин школски другар кој се обидел да и помогне.
Во светот на проституцијата влегла со помош на своја соученичка. – „Видоа дека сум очајна и немам пари. Имаше неколку девојчиња кои заработуваа пари на овој начин, па ијас влегов во бизнисот“, вели девојката.
Девојката додава и дека постојано се дрогирале со својата другарка, спиеле кај неа, лудувале, доаѓале дома скршени од умор. Најчесто проститутките биле девојчиња на возраст од 14 до 16 години, а се продавале за 10 евра или некое парче облека како пар фармерки.Како што пишува српскиот Курир, тинејџерката П.Ф. е една од ретките која излегла од канџите на проституцијата со помош на своите родители, па за ни